Потење – премногу или премалку? Летото е ноќна траума за особи кои патат од претерано потење (хиперхидроза), проблемот тогаш се зголемува драстично.

Физиолошка улога на потењето

Потењето помага да се заштитиме од превисоки температури, а и од организмот да исфрлиме некои штетни материи. Проблемот настанува тогаш кога потењето е ексцесивно, пропратено со непријатна миризба поради дејство на штетни бактерии. Хиперхидроза се јавува по целото тело – на дланките, пазувите, косата, стапалата и др.

Менаџирање на потење

Доколку не е последица на некое заболување или хормонално пореметување, претераното потење може да се спречи или да се намали, на пр. со избегнување на некои намирници во исхраната, со пиење чаеви и употреба на некои препарати од лековити билки. Некои намирници потикнуваат лачење на пот, па доколку патите од хиперхидроза, од исхрана е подобро да исфрлите лута храна, бибер и други зачини. Не се добри газирани и алкохолни пијалоци, а ни многу ладни пијалоци.

Потење – совети за исхрана

При потење се губи Калиум, што може да предизвика замор, грчење на мускули, дури и несвестица и аритмија. Се препорачува конзумирање на намирници богати со Калиум – лубеница, краставици, тиквици, домати, банани, спанаќ… Во топлите летни денови најдобро е да се зголеми внес на течности, доминантно вода, особено во случај при хиперхидроза, за да се спречи дехидратација на организмот.

Последици по здравјето при АБ-нормално потење или НЕ-потење

Прекумерно потење може да биде последица и на хипертиреоза – штитната жлезда произведува премногу хормони кои регулираат потрошувачка на енергија во организмот.
Дијабетес исто така може да предизвика претерано потење, како и тумор на надбубрежната жлезда, хормонален дисбаланс, намалено лачење на тестостерон или естроген во менопауза. Хиперхидроза често е последица и од употреба на некои лекови, како што се антидепресиви и некои антибиотици. 

Потење – ТЕРАПИЈА со природни препарати: 

  • Мешаме 3 лажици иситнета млада дабова кора, 2 лажици лист орев и 1 лажица мајчина душица; смесата ја прелеваме со 1,5 л зовриена вода и оставаме да одстои поклопено 30 минути. Се процедува и со ова се испираат пазуви и стапала, наутро и навечер.
Potenje - Dabova kora; Потење - Дабова кора
Дабова кора за чај
  • Во 250 мл топла вода ставаме 1 лажиче Жалфија, загреваме и вриеме 3 минути, оставаме 10-тина минути да се олади. Се процедува и се пие незасладено, пред доручек и вечера, 5 дена, потоа се прави пауза од 1 недела.
  • Мешаме еднакви делови лист орев и млада дабова кора и ставаме 5 лажици да вријат 10 мин. во 3 дл вода. Оставаме поклопено 10-тина минути, процедуваме и истураме во леѓен. Ги ставаме стапалата 20-30 минути и чекаме да се исушат без бришење. Ова се прави повеќе денови.

АНХИДРОЗА

Неможност за потење дури ни кога се температурите превисоки. Обично зафаќа дел од телото, но во потешки случаеви и целото тело.

Благата форма е непрепознатлива, но кога болеста ќе земе замав по телото избива црвенило, се јавува вртоглавица, грч во мускули, општа слабост, чувство на врелина, чукање на срцето, промена на миризба на телото, халуцинации, а во најтешките случаеви кома, па дури и смрт. Делови на телото кои не се зафатени со анхидроза ќе зголемат лачење на пот.

Доколку болеста зафати поголем дел од телото, спречува ладење, па во случај на вежбање, тешка физичка работа или топол сончев ден, човек исцрпен на тој начин може да доживее топлотен удар.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови