Поточарка или на латински Nasturtium officinale.
Опис и примена
Се користи заради своите лековити својства кај многу состојби и болести, од воспаление на бели дробови до болки во долниот дел на грбот, забоболки. Поновите истражувања ја сврстуваат во групата борци против рак и тумори.
Поточарката е повеќегодишна билка. Порано носела име “салата што лечи“, а модерните стручњаци и придаваат улога на чистач на организмот (елиминира вишок течности и токсини). Исто така се советува умерено да се користи и да се комбинира со друг зеленчук за салата, на пр. Радич и/или Глуварче.
Билката има убава зелена боја, расте покрај чисти потоци и реки; личи на мала ползечка грмушка, со меснати, глатки и сјајни лисја. Цвета од Мај до Септември со густи мали бели цветови. Има антиоксидативни својства, добар е чистач на организмот (потикнува метаболизам), добро делува на крв, ревитализира, освежува и отвора апетит.
КОНТРАИНДИКАЦИИ: Не смее да се вари, затоа што тогаш ги губи сите лековити својства!!
Билни лековити својства
Често се користи како антибиотик, диуретик, ревматик, стимуланс, средство за чистење на тело, против воспаление на мочен меур и грозница, егзем, ангина, надразнето грло и бели дробови. Против бронхит и катар на бели дробови, стимулира лачење на упорна слуз од бели дробови, забоболка. Чисти и лечи оштетена кожа, против кожни дамки и флеки, помага и против алопеција.
Рецепти со Поточарка
Чај од Поточарка
1 полна супена лажица сува поточарка попаруваме со 2 дл зовриена вода, по 20 минути се процедува.
Сок од Поточарка
Се прави во соковник, 1 полна рака свежа Поточарка прелеваме со 6 дл вода. Се зема по 1 супена лажица сок, 2-3 пати на ден.
Внимание! Не смее да се користи поголемо количество и подолго време, може да ги иритира бубрезите и уринарниот систем.
На трудниците воопшто не им се препорачува!
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови