Рак на бубрег е тешко заболување кое треба да се утврди навреме. Покрај препишана терапија, се применуваат и проверени природни рецепти. Зафаќа цел или дел од бубрегот и главно се проширува на бубрежна карлица, уретра и мочен меур.

За жал, преку 80% од туморите на бубрези се малигни – главно кај постари лица.
Битно: Може да предизвика метастази и на други органи.

Застапеност на болеста

Почесто заболуваат мажи постари од 50 год., пушачи и оние кои се (професионално) изложени на дејство на азбест, кадмиум и петролејски производи.

Утврден е и кај пациенти на дијализа, кои патем заболуваат и од стекната цистична болест на бубрези и имаат голем ризик од појава на малигно бубрежно заболување. Исто така и оние кај кои е дојдено до откажување на бубрези поради долготрајна употреба на аналгетици со ацетилсалицилна киселина и фанацетин.

Улога игра и наследен фактор, особено ако се работи за тн. Папиларен тумор на бубрези! 

Најчест рак на бубрег

Во 80% од сите примарни тумори на бубрези зборуваме за карцином на бубрежни клетки. Тој настанува во ѕидовите на малите цевчиња во бубрезите – тука се филтрира крв и се отстрануваат отпадните материи. Овој тип канцер обично расте како хомогена маса во еден од бубрезите и не го зафаќа другиот бубрег. Зависно од микроскопскиот изглед на клетките, овој вид на малигно заболување може да се јави во вид на светли клетки (во 80% случаи).  

Папиларен карцином на бубрези

Папиларен карцином со розеникави клетки (15%) и 5% како хромофобен тип со нешто поголеми и исто така светли клетки. Иако обично се работи за аденокарцином, секој од овие подтипови тумор може да се развие во форма на саркоматоиден бубрежен карцином, со лоша прогноза. Многу поретко туморот се јавува и таму каде што се собира урината, во тн. преодни клетки. Овој тумор е сличен на туморот на бешика и лечењето е речиси исто. Многу е редок тн. Вилмсов тумор, се јавува кај деца, бара специфичен пристап.  

Симптоми кај рак на бубрег

Се утврдуваат дури во поодмината фаза: 

  • хематурија (крв во урина)
  • темна боја на урина
  • болки во долниот дел на грбот под ребрата, во слабините
  • општи симптоми на рак (губиток на апетит, слабеење, замор, анемија, повремена температура).

Бубрезите работат неправилно, доаѓа до хипертензија. Зависно од тоа во кои околни органи и ткива се проширил, се јавуваат и:

  • зголемени лимфни јазли
  • кашлица
  • недостаток на воздух
  • болки во коски
  • скршеници на коски без причина.

Влијание на црн дроб

Ако туморот се проширил на долната шуплива вена (vena cava inferior) може да се поремети функција на црн дроб, доаѓа до собирање на течност во стомачната празнина, создавање на тромб во бели дробови, а ако туморот ја зафатил бубрежната вена, се јавува и оток на левиот тестис.

Влијание на хормони

Бубрежен карцином може да поремети и производство на хормони, со што се нарушуваат нормалните процеси во организмот, па доаѓа до зголемено ниво на еритроцити и Калциум во крвта. Кај жените хормоналниот дисбаланс може да предизвика влакнетост (хирзутизам) и др. 

Дијагноза се утврдува со повеќе анализи.

Лечење на рак на бубрег

Карцином на бубрег е многу отпорен на хемотерапија и зрачење. Хируршко лечење е најсигурен метод, засега.

Хируршко лечење се прави со цел за тн. Имунотерапија – организмот сам се справува со туморот. Хируршки се одстрануваат и метастазите – ако се излечат, подобруваат квалитет на живот на пациентот. Ако се одстранат двата бубрега, неизбежна е дијализа, а ако на едниот бубрег е интервенирано, другиот ја прифаќа функцијата и на двата и пациентот нормално живее.

Хигиено – диететски режим кај рак на бубрег

План: Пожелен е дневен внес на 5 оброци од овошје и зеленчук! Наместо бело брашно да се јадат интегрални житарки, да се исфрли бел шеќер, мрсно месо и месни преработки.
Сокови од свеж зеленчук содржат ензими кои лесно се апсорбираат – ги хранат, а потикнуваат раст и развој на здрави клетки.
Освен свежи сокови и клици од Грав, треба да се јаде и суров зеленчук, 2-3 пати на ден. Зеленчукот да не се вари, ензимите се уништуваат веќе на 40 степени, па храната е најдобро да биде свежа или лесно варена.   

Помошна терапија – народни рецепти

Први 7 дена на терапија:

Иситнуваме и мешаме 5 супени лажици лист Магдонос и по 1 супена лажица лист и цвет од црвен Кантарион, Троскот, лист рањеник (Петровец) и лист Коприва. Смесата стои 2 часа во 1,5 литар врела вода – процедуваме. Се пие пред и по јадење по 2 дл чај со по 1 кафена лажичка полен, а после јадење и со мед.  

Следни 8 дена:

Иситнуваме и мешаме 2 супени лажици Димарка во цветање и 1 супена лажица лист Коприва; стои 2 часа во 0,7 литри врела вода, процедуваме. Се пие по 2 дл чај со 1 кафена лажчка полен пред и по јадeње; за ручек и вечера се јаде салата од лист Коприва.

Се пие и овој чај: иситнуваме и мешаме 3 супени лажици корен (или лист) Магдонос и по 1 супена лажица надземен дел од Троскот, лист Бреза и цвет црвен Кантарион, лист и цвет Ајдучица. Стои поклопено 2 ч во 1 л врела вода, процедуваме. Се пие цел ден.

За ручек и вечера да се јаде 300-500 гр печена Тиква! 

Следни 5 дена:

Иситнуваме и мешаме по 1 супена лажица лист од Коњско опавче и петелки цреша, 3 супени лажици лист Магдонос, 2 супени лажици лист Троскот. Стои 2 часа во 1,4 литар врела вода, процедуваме. Се пие по 2 дл. пред и по оброците. 
По оброците со чајот се зема по 1 кафена лажица Полен и Мед. Во 10 и во 16 часот да се изедат по 2 печени кисели јаболки со мед.

Следни 25 дена:

Иситнуваме и мешаме по 1 супена лажица лист и корен Миродија, лист Бреза, лист и цвет Ајдучица и Босилек, надземен дел од Троскот и петелки од Цреша; стои 2 часа во 1 литар врела вода, се процедува. Се пие по 2 дл чај пред и по јадење.

Пред јадење да се пие по 2 дл и од овој чај: иситнуваме и мешаме 3 супени лажици корен или лист Магдонос, 1 супена лажица надземен дел од Троскот. Стои 2 часа во 7 дл врела вода, процедуваме.
Исхраната е диетална, со ручек и вечера да се јаде салата од млад лист Коприва, млад зелен лист Глуварче и свеж лист зелка.

Следни 10 дена:

Иситнуваме и мешаме по 1 супена лажица лист и цвет Кантарион, цвет Бозел (Зова), црвен плод Шипка, зрели бобици Клека, борови иглици и лист Магдонос. Стои 2 часа во 1,4 литар врела вода, процедуваме. Се пие по 2 дл чај засладен со мед, пред и по јадење.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови