Реума е заеднички назив – се работи за околу 200 здравствени заболувања кои се карактеризираат со болки во зглобови, коски, мускули и тетиви, вкочанетост и намален опсег на движења.
Болеста се развива постепено, а освен болки, воспаление и отоци, може да се појави и општа премаленост (малаксаност), зголемена телесна температура, топлина во воспалените зглобови, слабеење, болки во мускули.
Болеста долго стои со истите тегоби, но често состојбата и се влошува.
Докторите препорачуваат лекови и физикална терапија – да се врати подвижноста на зглобовите и да се олесни состојбата и извршување на секојдневните активности.
Голем број на пациенти имаат нарушено здравје на цревата. Во нив често се крие причината за појава на воспалителни процеси. До подобрување се доаѓа со конзумацијата на пробиотици.
Совети за исхрана кај Реума
Се препорачува медитеранска исхрана, намален внес на црвено месо, намирници без адитиви, транс-масти, рафинирани масла и вештачки засладувачи.
Да се конзумира свежо овошје и зеленчук, интегрални житарки, орешести плодови, зачини (НЕ индустриски смеси), маслиново и кокосово масло; за вегетаријанци и вегани дозволено е пилешко месо и риба.
Корисни се црвени пиперки, тиквички, домати и морков, банани, грозје, портокали!
Не се препорачуваат зелени пиперки, карфиол, зелка и артичоки! Избегнувајте авокадо, кајсии, јаболки и праски.
Обрнете внимание на храна која ќе ви предизвика проблеми и влошување – најчесто е храна која содржи глутен, јајца, кравјо млеко и соја. Не јадете легуми, пченица и рж.
Важни совети за превентива од Реума
Се препорачува физичка активност, здрави заби, здрава телесна тежина, оставете ги цигарите!
Чаевите од лековити билки се сојузници на коскено-зглобниот систем, благодарејќи на високата содржина на полифеноли (имаат силно анти-воспалително дејство) и други активни материи. Во голема мерка помагаат против разни ревматски тегоби.
Терапија со билки
Крема бр.1:
3 сомелени лути пиперки крчкаме на тивко 5-10 мин. во 2,5 дл маслиново масло. Умешуваме и растопуваме 80 гр иситнет пчелин восок. Се добива хомогена смеса; се сипа во тегличка. Се чува на ладно место.
Крема бр.2:
Иста постапка со 6 дл маслиново масло, по 3 лажици сомелени лути пиперки и куркума во прав и 2 лажици сомелен корен од Ѓумбир.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови