Сало на стомакот – вишок килограми околу стомакот може да предизвика дијабетес, хормонални пореметувања, висок притисок, проблем со плодност…

Што повеќе масно ткиво на стомакот, толку е помало производството на хормонот Адипонектин кој намалува стрес и воспаленија, а поврзан е и со хормонот за контрола на апетит Лептин. Со тоа се зголемува ризик од воспалителни процеси во организмот и од прејадување!

Основни совети би биле:

  • Намален внес на јаглени хидрати, поголем внес на здрави масти и протеини, повеќе движење, оброците да се намалат количински, а да ги има 4-5 во денот.
  • Умерено пешачење е добро, а со побрзо темпо побрзо се согоруваат и масти. Вежби со висок интензитет многу забрзуваат губење на т.н. Висцерални масти – опасно масно ткиво кое ги опкружува внатрешните органи, а кое може да предизвика дијабетес, срцеви заболувања и висок крвен притисок. Интензивно движење крева ниво на хормони кои согоруваат сало!
  • Стомачните вежби се добра работа – се вовлекува стомакот по 7-10 пати, 3-4 пати во денот, дури и кога стоиме.
  • Вода: телото мора да се хидрира, најдобро со вода. Директно влијае на метаболизмот! Во состојба на дехидрација метаболизмот се успорува, што успорува разградба на масти и олеснува трупање на масно ткиво на стомакот. Дневно треба да се пијат околу 2 л вода; понекогаш, чувството на глад е само поради тоа што сме само жедни!

Совети во исхраната против сало на стомакот:

  • За здраво слабеење влакната се пресудни. Највеќе ги има во пченка, грав, леблебија, авокадо, интегрални тестенини, кафеав ориз, леб од цели зрна, круша, артичока, овесна каша, малини, грашок, брокули, јаболки, јачмен, бадеми!
  • Солта нема ни калории ни масти, но затоа предизвикува задржување на вода! Со внес на пресолена храна телото ја тера водата од клетките во крвотокот. Солете со зачински билки, а намалете сол.
  • Авокадото е богато со мононезаситени масни киселини и со калиум, намалува крвен притисок и стабилизира ниво на стрес. Авокадото е богато со калории, но, тие во телото споро согоруваат и така намалуваат чувство на глад. Во комбинација со зеленчук овозможува подобро искористување на нутриенти.
  • Газираните сокови се полни со калории без нутритивна вредност! Придонесуваат за дебелеење, дијабетес, кариес и слаби коски! Поврзани се и со недостаток на витамин А, калциум и магнезиум. Подобро е да се заменат со обична, со кисела вода или со чаеви.
  • Алкохолот зголемува ниво на кортизол кој мастите ги праќа право во стомак. Еден алкохолен напиток има калории колку еден колач! Телото алкохолот веднаш го метаболизира, а тоа успорува варење на масти и јаглени хидрати и успорува метаболизам, што води кон дебелеење. Алкохолот е штетен за сите органи, особено за црниот дроб.
  • Сончогледовите семки се одличен додаток во исхраната. Содржат многу витамин Е – силен антиоксиданс, кој се бори со токсини и со воспалителни процеси. Има и многу магнезиум кој намалува анксиозност и ниво на хормон кортизол. Помагаат во здравјето на нервниот систем, дава енергија и подобрува согорување на калории. Содржат протеини, влакна, витамини од Б-комплекс, кои се важни за согорување на калории и за чувство на ситост.
    Се јадат сирови!


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови