Научно е докажано корисно дејство на семки од сончоглед за нервен систем, а помагаат и на заболените од Мултиплекс склероза!

Семките содржат антиоксиданси – неутрализираат штетни слободни радикали и така го штитат организмот од бројни дегенеративни болести, на пр. кардиоваскуларни и малигни заболувања. Најмногу содржат Селен, кој има позитивна улога во превенција на рак и витамин Е.

Конзумирање 28 гр масло од печени сончогледови семки задоволуваат 76% од дневните потреби за витамин Е. Витаминот Е содржи Токофероли, кои играат важна улога во спречување на болести поврзани со стареење – канцери и срцеви заболувања.

Минерали и витамини во семки од сончоглед

На коските им се потребни како Калциум, така и Магнезиум и Бакар, а овие два минерала ги има во семките од сончоглед. Намалува ризик од мускулни грчеви, а бакарот обезбедува флексибилност на коските и зглобовите.

Редовна употреба на семки сончоглед превенира појава на артритис, содржат минерали кои зајакнуваат коски. Витамин Е ублажува болки предизвикани од артритис.

Семките содржат и витамин Б, кој обновува оштетени и создава нови клетки. Убрзува метаболизам бидејќи обезбедува енергија, зајакнува имунитет, а се препорачува и на трудниците.

Витамин Б спречува стареење и обновува кожа. Спречува појава на акни и други кожни заболувања. Семките се одличен пилинг за лице, а и за третман на целото тело, влажнат кожа и делуваат против екцем.

Бакарот е важен за здрава коса и кожа. За создавање меланин, кој на кожата и дава убава и здрава боја. Меланинот е протеински пигмент, кој задржува ултра-виолетови зраци. Бакарот помага и метаболички процеси при производство на енергија.

Со редовна конзумација на сончогледови семки, кои имаат многу диетални влакна, се спречува запек.

Семките содржат Магнезиум, кој ублажува напнатост, мигренозни болки, дури и депресија.

Антиоксидансите во семките сончоглед можат да намалат воспаленија на кожа, болки во зглобови и проблеми настанати од астма.

Izvor: prirodanadar.rs

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови