Сена или на латински Cassia angustifolia.

Опис, својства, состав

Сена не расте во нашето поднебје. Како лековита билка се користела во древниот Египет, векови пред нашата ера. Од таму и потекнува како растение.

Се работи за полугрмушка, која во висина расте до 2 м. Лисјата се парно перјести. Плодот е мешунка со издолжена овална форма, долга околу 5-6 см. Внатре има 5-7 сплескани семки.

Здравствена корисност на Сена

За лек се користат плодот и лисјата. Богати се со природни хемиски соединенија т.н. Антракинони (Антракинонски гликозиди). Сува билка содржи 2,5% Сенозид А и Б, кои се воедно и главни состојки.
Содржи и флавоноиди, слуз, танини, смоли.

Векови наназад, лаксативното дејство на Сена се користело при труење за да се исфрлат отрови што поскоро. Заедно со други билки, на пр. машка папрат и лук, Сена се користела против цревни паразити.

Во денешно време, Сена се користи како средство против запек (опстипација). Има благо иритативно дејство на цревна слузница и така поттикнува подвижност на црева. Антракинонските гликозиди немаат биолошко дејство. Во дебелото црево доаѓаат во допир со микроорганизми кои одвојуваат шеќер, односно ослободуваат Антракинони. Затоа дејството настапува по неколку саата.
Сена се зема навечер, за наутро даа има максимален учинок.

Чај од Сена

Не смеат да го употребувааат трудници ни доилки, ни лица со нагли болки во стомак и затвор кој е последица од акутни состојби како што се воспаление на слепо црево, преплет на црева, воспаление на бешика и на матка.

Рецепт за чај:
1 полна лажица билка попарете со 2 дл зовриена вода, оставете 20 мин. (со повремено промешување), процедете и испијте го чајот. Најдобро е да купите пакувана билка и следете го упатството за употреба. Чајот се користи до решавање на проблемот, потоа се прекинува со употреба. Со Сена треба да се внимава, одлична е за акутна терапија, но не и за хронични проблеми! Се користи 10 до најмногу 14 дена.

Се прават паузи и се применуваат други билки кои содржат слуз (семки од Лен) или се применуваат пробиотици.

Сена е добро да се комбинира со суви сливи или смокви, така телото поспоро развива навикнување на Сена и обезбедува потраен учинок.

Внимание

Сена не смее да се користи доколку постојат воспалителни болести на црева и илеус (застој во црева). Не смеат да ја користат ни деца помали од 10 години. Сена предизвикува ниско ниво на Калиум во крв и опасна е за срцеви болесници и при терапија со кардиотонични гликозиди чие дејство зависи од ниво на Калиум!

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови