Сивка, Туред или на латински Berteroa incana.

Зошто треба да чуете за Сивка?

Во народната медицина билката не е многу популарна и ретко се среќава самостојно или во комбинации со други билки како помошен лек. Но, треба да се запознаеме со оваа билка со убави цветови, како заради препознавање во природата, така и затоа што е добра медоносна билка!

Од области каде што ја има, пчелите носат добри количества нектар и полен.

Опис, својства, состав

Сивкасто бела Сивка е едногодишна или двогодишна зељеста билка од семејството зелки (Brassicaceae). Има исправени стеблинки, разгранета е, а во долниот дел е одрвенета, со сивкасто зелени гранки покриени со густи ѕвездести влакненца. Израснува до 80 см висина.

Лисјата се ланцетести, долги се околу 5-10 см, седечки се (без петелки) и влакнести, поретко со назабени рабови.

Цветовите се двополни, бели и ситни, собрани се во гроздести соцветија кои стојат на врвовите на гранчиња и стеблинки. Венчето има бели, длабоко врежани латици.

Прашниците се кратки, со жолти антени.

Период на цутење е од Мај до Октомври, значи и преку лето – период кога во природата има малку билки кои цутат и даваат нектар.

Плодот е овален, до 1 см голем, содржи округли и мазни семки. Дозрева во период од Јуни до Септември.

Се размножува со семе. Семето содржи околу 28% масло кое се јаде, се јадат и лисјата, но поради изразита влакнетост не се пријатни за јадење.

Распространетост на Сивка

Билката е коровска и се смета за инвазивен плевел – најчесто се наоѓа на сончеви места, на оскудни почви (камењари и песокливи подлоги), но и во ораници и крај патишта и пруги.

Здравствена корисност на Сивка

Има антисептички и експекторантски својства. Корисна е за лекување на респираторни инфекции, олеснува дишење. Исто така, има анти-инфламаторно дејство и се користи традиционално во народната медицина.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови