Сикавица или змијска трева, на латински Silybum marianum – често се поистоветува со Чичока (Arctium lapa), многу слична, но не се исти билки. Ја грешат и со Магарешки Трн – различни билки се.

Опис, состав и својства

Сикавица расте и до 2 м висина и многу е боцкава, а многу е и лековита. Единствена е по тоа што нема медицински еквивалент во лечење на црниот дроб.

Расте по полиња и ливади, а може да се одгледува и во бавча. Листовите се берат во Мај, семето во Август или Септември, се корне сосе корен. Цветот се бере во Јуни. Сикавица се зема како чај или во капсули. Може да се комбинира и со други лековити билки.

Активната состојка во неа е Силимарин, научно е докажано дека обновува клетки на црн дроб и го потикнува нивниот раст! Силимарин зголемува ниво на Глутатион во црниот дроб за 35% – многу важен антиоксиданс за заштита на црн дроб, чиј што ниво опаѓа ако сме секојдневно изложени на висок ниво на токсини.

Здравствена намена

Го штити црниот дроб од делување на многу лекови и има моќ од организмот да исфрли хемикалии, алкохол, тешки метали и радијација. Некои истражувања навестуваат дека Силимаринот може активно да делува во спречување на растење на клетки на рак на простата.

Сикавица се препорачува на особи склони на алкохолизам и мрсна храна, а докажано помага и против мамурлак. Оваа билка зајакнува организам, регулира варење, помага против запек. Многу е благотворна и за крвоносниот систем – запира крварење и ги зајакнува артериите и вените. Многу тегоби, настанати како резултат на слабост на крво-жилниот систем и на срцето, како на пример  вртоглавица, мигрена, низок притисок, замор и др., се губат од дејството на Сикавицата!

Сикавицата одлично помага лечење на сите видови алергии, кивање предизвикано од полен, напади на уртикарија и астма и болести на патување. Помага во лечење на болести на надбубрежната жлезда, воспаление на слепо црево, псоријаза.

Сикавицата има слично дејство како Естроген и може да поспеши производство на млеко кај доилки, да потикне редовен циклус и да нормализира ниво на холестерол. 

Рецепт за чај од Сикавица

1-2 кафени лажичиња сува сикавица се прелева со 2 дл зовриена вода, стои поклопено 15 мин., потоа се процедува. Се пијат до 3 вакви чаши чај на ден. Производи на база на сикавица се земаат максимално 2 недели, потоа се прави пауза од 10 дена.

Нусефекти ретко се јавуваат, во вид на пролив подуеност и мачнина. 

Напомена:
Сикавицата има естрогено дејство и не се препорачува на жени кои имаат фиброидни тумори, рак на матка, јајници и дојка, како и ендометриоза (ткива слични на оние кои ја прекриваат матката тн. Ендометриум, растат вон површината на матката; на пр., во јајниците, цревата и др. ткива).

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови