Скршеници (на коски) – статистиката вели дека секоја трета жена и секој петти маж имале скршеница, предизвикана од паѓање, спортски повреди, сообраќајки…

Опис на проблемот

Зараснуваат сами од себе, но мора да се оди на лекар – коските често неправилно зараснуваат. Имобилизација на скршеница е најдобро да се направи во болница!

После имобилизација (со гипс и сл.) пожелно е да се пристапи на природно лечење, за да се подобри и забрза опоравок на скршената коска и нејзино зајакнување.

Симптоми на проблемот

Симптоми на скршена коска се болка, модринки, губење на природна боја на кожа, оток, виткање на екстремитетот под неправилен агол, неподнесување на тежина на оштетеното место и крварење (кај отворени скршеници).

Корисни совети кај скршеници

Човек со скршеници најдобро е да не се крева до доаѓање на доктор (скршена карлица, колк, натколеница…).

  • делот од телото со скршена коска треба да е поткрене и да се одмара.
  • да се внесуваат протеини, намирници богати со калциум, витамин Д и Ц, калиум, железо, магнезиум, цинк.
  • користете есенцијални или облоги натопени со смеса со лук.

Секако, избегнете алкохол, цигари, кафе, шеќер, преработени јаглени хидрати, засладувачи, засладена пица и сол!

Билки кои помагаат кај скршеници

Гавез

Ставете полна рака исецкан корен од Гавез во 150 мл млеко, загрејте до вриење и тргнете од оган. Оставете смесата малку да се олади и во памучна крпа ставете ја врз скршеницата. Скршеница (и рана) бргу ќе зараснат.

Коњско опавче за скршеници

Две лажици билка се вари 3-4 минути во 0,5 л вода. Со процедокот се мие рана, ако ја има, а билките се користат за облоги.

Рицинусово масло

Има анти-воспалително и анти-бактериско дејство. Утопете памучна крпа во рицинусово масло и обвиткајте го местото на скршеницата (ако нема отворена рана). Одозгора зацврстете со пешкир. Оставете да дејствува ден-два. Помага зајакнување и зараснување на коски.

Куркума за скршеници

Испијте две чаши млеко на ден, со по 1 лажиче куркума. Забрзува зараснување на коски. Може да се направи и паста од нарендан кромид и куркума во прав – нанесете ја на скршеницата (ако нема отворена рана).

Ананас

Јадете по ½ свеж ананас неколку дена и коската бргу ќе зарасне. Содржи Бромелаин (има анти-инфламаторно дејство) кој помага против отоци.

Етерични масла

Најдобрите масла за обновување на цврстина на коски се тие од Чемпрес, од Елка и од Хелихрисум. Помешајте ги и ставајте ги врз скршеницата 3-4 пати на ден.

Исхрана кај скршеници

Здрава исхрана може да превенира скршеници настанати од Остеопороза и др.

Внесувајте храна богата со калциум: го има во зелен лиснат зеленчук (зелка, спанаќ, рукола, прокељ, брокули, зелена салата), во свежо млеко, јогурт и кефир, мехунарки и сардини.

За добра апсорпција на калциум потребен е магнезиум – го има во лиснат зеленчук и кефир, козјо млеко и свежо козјо сирење, семки од Лен, Чиа и од Тиква, во говедско месо, бадеми, авокадо, црн дроб.

Цинк – помага формирање на Калус (ново коскено ткиво). Го има во говедско, свинско, јагнешко, пилешко и мисиркино месо, морски плодови, семки од Тиква и Лен. Важни се и витамин Ц и Д (недостаток е ризик за настанок на скршеници).

Скршеници се лечат и со т.н. Вибрирачка платформа, со Акупунктура и др.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови