Смоквин лист или Лист од смоква (Ficus carica) одамна е познат по своите лековити својства – кај бронхитис, брадавици, цироза на црн дроб, висок крвен притисок, кожни проблеми и чиреви. Исклучително е добар и помага кај дијабетес. Обично се користи сок од листот од смоква, кој се консумира веднаш по станување, со појадокот.

Но, може да се свари и да се пие како чаj.

За повеќето болести постои природна замена за лек, повеќето од нив се во нашата градина.

Состав

Листот од смоква изобилува со минерали, витамини, влакна и антиоксиданти, кои можат да го подобрат севкупното здравје.

Смоквин лист – својства

Листот од смоква има анти-канцерогени и анти-дијабетични својства – помага во регулација на инсулин и холестерол во крв, спречуват дијабетес и ја намалуваат инсулинската резистенција. На луѓето кои веќе заболеле од дијабетес им се советува да пијат чај од смоква, бидејќи некои научници веруваат дека на овој начин би можеле дури и целосно да се излекуваат.

Чај од смоквин лист кај дијабетес. Chaj od Smokvin list kaj dijabetes
ЧАЈ ОД СМОКВИН ЛИСТ ЗА ДИЈАБЕТЕС

Намена

Листот од смоква е добар и за регулирање на нивото на триглицериди, односно мастите во телото. Триглицеридите се клучни за нормално функционирање на голем број органи во телото, но ако се складираат во ткивата, може да предизвикаат сериозни здравствени проблеми, како зголемен ризик од срцеви заболувања и дебелина.

Со лист од смоква можете да спречите дури и појава на чиреви – потребно е само да џвакате по еден лист секое утро. Оваа навика ќе ви помогне да ја регулирате телесната тежина.

Рецепти со Смоквин лист

Чај од лист од смоква

Регулира крвен притисок, спречува кардиоваскуларни болести и рак.

Состојки: неколку листови од смоква и вода. Две чајни лажички сува билка (исецкан лист од смоква) прелијте со 200 мл врела вода. Оставите да стои поклопено 10-15 мин., а потоа процедете.

Пијте од чајот секое утро, по една чаша со појадокот.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови