Собни билки

Според било која објавена статистика, Македонија е меѓу првите во Европа според број на пушачи.

Американската вселенската агенција нашла едноставно решение за лош квалитет на воздух во вселенските бродови.

Собното цвеќе го ослободува воздухот од токсини, го збогатува просторот со кислород. Доволна е 1 саксија од 15 см на 9 м2.

Лисјата впиваат штетни материи од воздухот, ги носат до корењата и ги користат како храна, така функционираат како природни чистачи на воздух. Ова одлично функционира дома и во работни простории, две места каде поминуваме околу 20 часа на ден.
Средина со чист воздух значи подобро здравје и обратно, загаден воздух прави да се чувствуваме уморни и безволни, а лошо делува и на имунитетот.

Во затворени простории, најчесто присутни токсини се Формалдехид кој го има во теписи, изолациони пени, хартија, средства за чистење. Исто така Трихлоретилен кој го има во бои и лепила, Бензен (го има во пластика, синтетика и детергенти).

На сите овие токсини корисните собни билки можат да делуваат и да намалат присуство на токсини во простории каде претстојуваме.

Познати собни билки

Мирен Љиљан (Spathiphyllum)

Мирен Лилјан е одличен прочистувач на воздух, го подобрува квалитетот на воздухот дури за 60%. Го намалува нивото на мувла така што ја прима во лисјата и ги храни корењата со нив. Во купатила, ја намалува можноста за појава на влага и впива штетни пареи од ацетон и алкохол. Исто така отстранува амонијак, бензен, формалдехид и трихлоретилен.
Билката е преубава, со прекрасен бел цвет. Бара индиректно светло и влажна земја.

Златен ползавец (Epipremnum aureum)

Златен ползавец е одлична билка прочистувач на воздух. Внимавајте со домашни животни, може да биде токсична за нив.
Го филтрира воздухот од штетни состојки во димот од цигари. Лесна е за одржување, се полева само кога земјата ќе се исуши. Се става на индиректно светло.

Домашен папрат (Nephrolepis exaltata)

Домашен папрат е зелена билка, природен навлажнувач на воздух. Благотворно делува на луѓе со сува кожа и кои патат од тегоби на ладно време. Елиминира траги од формалдехид и повеќе други токсини. Папратот се држи на светло место и треба почесто да се полива.

Зелен Љиљан (Chlorophytum comosum)

Оваа билка за само 2 дена може да одстрани 90% токсини од воздухот. Лисјата растат брзо и апсорбираат штетни супстанци, на пример мувла и други алергени. Одстранува помали количества на формалдехид, а особено ефикасно одстранува јаглен моноксид од воздухот.

Свекрвин јазик (Sansevieria trifasciata)

Ноќе произведува кислород и одлична е билка за во спална соба. Други билки одзимаат кислород од воздух. Добро успева и на потемни и на светли места. Прочистува и други отровни честички од воздух.

Фикус (Еlastica robusta)

Оваа собна билка го навлажнува воздухот, одстранува штетни испарувања и намалува присуство на штетни микроорганизми во собите. Бактериите во лисјата на Фикус се хранат со токсини од воздухот. Со овој процес, билката ослободува кислород. Како расте билката, нејзината делотворност се зголемува.
Доколку сте алергични на латекс, внимавајте при манипулација со Фикус.

Хризантема (Chrysanthemums)

Хризантемата е особено атрактивна билка. Особено е важна поради тоа што отстранува канцерогени соединенија (бензен на пример). Во дом каде има пушачи, билката е незаменлива. Димот од цигари содржи висок ниво на бензен.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови