Сончев корен, Чичока или на латински Helianthus tuberosus.
Одомаќено име на билката е Чичока, но не е иста со светски познатата Чичока, чије е латинско име Arctium lappa.
Во Словенија се вика Ерусалимска артичока.
Опис, својства и состав на Сончев корен
Близок е сродник со Сончоглед (Helianthus annuus). Спаѓа во семејството на Главочики (Asteraceae).
Билката е трајно зелјеста.
Сончев корен има усправна влакнеста стеблика. Се разгранува во горниот дел. Расте дури до 3 м во висина. Најчесто се среќава на поплодни почви. Се одгледува и како крмна билка, се користат стебликите и подземните кртоли за исхрана на добиток.
Лисјата се шилести, рапави и назабени. Стојат на кратки петелки. Обраснати се со влакна.
Цветовите имаат жолта боја, со пријатнаа миризба. Формираат поединечни цветни главици (до 8 мм). Се формираат на врв на стеблики и на страничните избојци. Има 5 меѓусебно сраснати прашници. Толчникот е составен од 2 плодни листа. Плодот е рошка.
Здравствени својства на билката
Подземните Кртоли (гомоли) можат да се јадат, имаат благ вкус. Се вадат по првите мразеви на есен и во тек на зима. Најдобри се во сирова состојба, а можат и термички да се обработуваат. Содржат јаглени хидрати, главно Инулин и погодни се за дијабетичари. Содржат и белковини, како и железо, калиум, фосфор, витамин Б12 и Ц (во помали количества). Можат да се јадат и млади лисја и изданоци.
Во народната медицина не се споменува дека се користи во лековити намени.
Колку е Сончев корен важен за пчеларите
Цвета од август до октомври. Овој период е речиси без пчелна паша. Сончев корен е добра медоносна билка, од неа пчелите во овој критичен период збираат добро количество нектар и поленов прав. Ќе дополнат резерви за зима, а на пчелните друштва има обезбедува добар есенски развој и добро презимување.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови