Старечки дамки се јавуваат на лицето, на горниот дел од рацете, на подлактиците, најчесто во позрели години. Може да се јават и кај помлади особи, особено ако се често и долго изложени на сонце или пак во солариум.

Причини за појава на старечки дамки

Најчеста причина за појава на старечки дамки се хормонски промени, но и наследен фактор, воспаленија и повреди.

Последица се на пореметена продукција на Меланин, пигмент одговорен за бојата на кожата. Меланинот ја штити кожата од штетното дејство на сончевите зраци.
Меланинот го произведуваат Меланоцитите, клетки сместени во подлабоките слоеви на епидермот. Активноста им се зголемува во случај на преголема изложеност на УВ зраци, што резултира со хиперпигментација на делови на телото кои се највеќе изложени на сонцето.
Со стареење, се намалува бројот на меланоцити, па преостанатите стануваат поактивни и побргу се распоредуваат на најосетливите места.

Опис и штетност

Старечките дамки не се штетни и не се опасни. На кожен лекар мора да се оди само ако почнат да менуваат боја и форма, или крварат. Луѓето се одлучуваат да ги одстранат од естетски причини.

Треба да се внимава при купување на скапи креми за избелување на старечки дамки, често содржат штетни материи (на пример – Хидрохинон содржи и канцерогени материи).

Природни средства за отстранување на старечки дамки

Полномасно млеко 
Млечната киселина, како и лимонската, ја избелуваат кожата. Два пати во текот на денот нанесете млеко на дамките, а по 20 мин. добро измијте. За многу мрсна кожа, млекото може да се помеша со 3-4 капки сок од лимон.
Со додавање на сок од домати и кисело млеко ефектот се зајакнува.

Јаболков оцет 
Јаболков оцет се мачка врз старечките дамки, стои 30 минути, потоа се мие. Појако дејство има ако на оцетот се додаде сок од кромид.

Мед и јогурт
Мешаме по 1 лажица мед и јогурт и нанесуваме на старечките дамки.
По 20 минути се измива.

Сок од лимон
Сокот од лимон отстранува изумрени клетки и активира создавање на ново ткиво. Се мачка два пати на ден.
За 3-4 недели резултатите се видливи.

Алое гел
Гелот од Алое исто така одстранува изумрени клетки и помага создавање на ново ткиво.

Масло од Рицинус
Маслото од Рицинус е исто така одлично средство. Се мачка 1 капка на старечката дамка, два пати на ден. По 3 минути се измива.
За сува кожа, се меша со кокосово или маслиново масло.

Сандалово масло
Сандаловото масло е познато и по одличните подмладувачки својства на кожата. Се мешаат по 4-5 капки со ружина водица и сок од лимон, се додава и малку глицерин.
Се меша за да се добие глатка паста, се мачка врз дамките, по 20 минути се мие со ладна вода.

Етерично масло од Рузмарин
Етеричното масло од Рузмарин се користи со паста од Рен. Мешаме добро по 2 лажичиња изрендан рен и сок од лимон, 1 лажиче оцет, 4 капки етерично масло од Рузмарин.
Со ова ги мачкаме старечките дамки, два пати на ден.

Хидроген пероксид
На парче памук ставаме 5% хидроген пероксид и мачкаме врз дамките, потоа се мие и се нанесува хидратантна крема.

Подмладување на кожа

За подмладување на кожата, мешаме 2 лажици полномасно млеко, 1 лажиче Алое гел, по ½ лажиче сок од лимон и алкохолен оцет, 3 капки етерично масло Рузмарин и 1 лажиче 5% Хидроген.
Се меша добро и 2 пати на ден се мачка врз дамките, стои 15 минути, потоа се измива.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови