Сумак е малку познат зачин во нашите краишта. Често е состојка на зачинска смеса Затар. Во блиско-источните култури одамна се користи во нормалната исхрана на луѓето. Се добива со мелење на суви бобинки од дивата билка Сумак (вид Руј – Rhus coraria).

Се продава како иситнет зачин – можете да го најдете на добро снабдените пазари во западните метрополи или во скоро сите места во блиско-источните држави. Се чува на темно место, добро затворен, на собна температура.
Има бројни здравствени предности, освежувачки вкус и анти-воспалителни својства.

Ставете малку од зачинот во салата, јадења од зеленчук, грилирано месо или риба. Се додава и во леб (ако сами го месите).

Се додава и во маринади, мешавина од маслиново масло и оцет, во десерти, сладоледи и коктели.
Вкусот е како на Лимон, малку накисел и овошно благ. Сосем малку зачин Сумак одлично го подобрува вкус на јадења. Сумакот е здрав зачин.

Сумак спречува воспаленија

Богат е со Антоцијани, Танини, Флавоноиди и други анти-оксидативни соединенија со против воспалително дејство. Чај и лимонада од Сумак помагаат против висока температура.
Благотворно делува на варењето и проблеми со желудникот, а како што и сами знаете денес се повеќе се сретнуваме со такви проблеми во нашето секојдневие.

Намалува шеќер

Истражувањата утврдиле намалување на внес на инсулин кај особи со дијабетес тип 2 и намален ризик од кардиоваскуларни заболувања.

Сумак намалува болки во мускули

Испитувањата покажале дека сок од билката намалува болки во мускули по аеробни вежби. Аеробни вежби се: трчање, прескокање јаже, пливање, аеробик и сл.

Антисептичко дејство

Сумакот содржи Танини со антимикробни својства. Според повеќе истражувања, помага во спречување на раст на 5 вообичаени орални бактериски видови кои можат да предизвикаат воспаление на усна шуплина.

Кој не би сакал да го смали бројот на овие бактерии во устата?

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови