Тамарис, Тамарика, Метлика или на латински Tamarix tetrandra.
Опис, својства, состав на Тамарис
Тамарис има неправилни и виснати гранки, затоа се смета дека е и дрво и висока грмушка. Развива широка крошна. Во висина нараснува 4-5 м. Спаѓа во листопадни дрва, во зима останува без лисја.
Спаѓа во спорорастечки видови.
Многу е отпорен на температурни амплитуди, како на ниски, така и на високи, отпорен на аерозагадување и на ветер. Успева на разни видови почви. Поднесува и суша. Најдобро успева на сончеви до полузасенчени места.
Изглед
На пролет дрвото е пребогато со цветови и со светло зелени лисја. На есен лисјата стануваат портокалово жолти. Младите гранки се сјајни, со темна црвеникаво кафеава боја. Цветовите се ситни и групирани се во гроздови долги 4-6 см, имаат светла розеникава боја. По прецветување, се јавувааат ситни плодови.
Билката се размножува со семе и вегетативно.
Одгледување на Тамарис
Се одгледува како украсно дрво, но и како вид кој успева и покрај патишта (кои во зима се посолуваат) и засаден помеѓу други видови култури.
Корисност
Од аспект на пчеларството, интересен е периодот во кој цвета, Јуни-Август. Пчелите збирааат добро количество нектар и поленов прав.
Во народната медицина не се спомнува дека се употребува во лековити намени.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови