Уремија е болест која се јавува поради ослабена функција на бубрези, кога доаѓа до натрупување на отровни материи т.е. уреа во крвта.

Симптоми на уремија

Уремија е најтешка форма на хронична бубрежна инсуфициенција; се манифестира со многу симптоми кои се последица на тешки пореметувања во многу органи. Еден од типичните симптоми е свраб на кожа, најверојатно поради натрупување на калциумови соли во кожа!

Од стално чешање се создаваат гребнатини и рани!

Се јавува забрзано дишење, грчеви во мускули – особено во потколеница; често се јавува и мачнина, повраќање, дијареа, утринска жед и т.н. Уремиски здив! Во најтешки пореметувања се вбројува горушица, гастритис, чир на желудник, кој, ако прокрвари, го загрозува животот на пациентот. Симптоми на уремија се и кардиоваскуларни пореметувања, а освен хипертензија, може да дојде и до Уремиски Перикардитис – кој почесто се јавува кај мажи, со карактеристична болка во гради! Оштетување на периферни живци, особено во нозете, е честа и тешка последица на Уремија – многу непријатна, со трнење, болки и отежнато одење. 

Svrab ili češanje - Уремија
СВРАБ ИЛИ ЧЕШАЊЕ

Зголемена уреа во крв:

Уреа е краен продукт на метаболизам на белковини, во нормални услови се излачува преку бубрези -со урината. Со внес на премногу протеинска храна се зголемува и уреа во крвта. Тоа може да предизвика и срцеви проблеми, дехидратација и крварење во дигестивниот тракт. Само во болнички услови може да се помогне ако се дијагностицира Уремија – најтешката форма на бубрежна слабост!

Превентивни мерки за спречување на појава на Уремија

Пресудни се! Тоа се системско и навремено лечење на бубрежни заболувања, со правилна диета и хигиенски мерки

Higieno - dietetski režim - уремија
ХИГИЕНО-ДИЕТЕТСКИ РЕЖИМ

Исхрана кај болести на бубрези

Неколку недели свежо цедени сокови со мед; подоцна џем, масло, несолен путер, ориз, компир и бисквити. По 2 месеца се преоѓа на исхрана со протеини, со додаток на сол (Целерова, Калиумова, морска сол). Може 1 чаша кравјо млеко на ден. Подоцна постепено месо и јајца; внес на протеини се ограничува на 0,6 гр. по кг телесна тежина. Исто и Калиум и Фосфор.
На пр, по 5 гр протеини има во:  45 гр. тесто, 75 гр. ориз, 60 гр. леб и 1 дл јогурт.

Природни лековити рецепти за бубрези:

  • 1/1 Ситница, Ува, Коњско Опавче, Троскот, Зајчев трн; 4 супени лажици смеса стојат 60 мин во 9 дл врела вода, процедуваме. 3 пати на ден по 2 дл пред јадење.
  • 1/1 Коњско Опавче, цвет Бозел, лист Троскот, пченкарна свила и лист и папки Бреза; 4 супени лажици смеса 2 ч. во 0,7 л. врела вода, процедуваме. Се пие во голтки цел ден.
  • 1/1 Босилек, лист и пуполци Бреза, Троскот, лист Магдонос и цвет Бозел; 4 супени лажици смеса 2 ч. во 0,7 л. врела вода, процедуваме. По 230 мл пред јадење.     
Troskot-Polygonum-aviculare - уремија
ТРОСКОТ

За чистење на бубрези од отрови и сл.

  • По 50 гр. Коњско Опавче, цвет Невен, пченкарна свила; 1 супена лажица, се вари 2 мин. на тивко во 4 дл вода, се процедува по 45 мин. Се пие по 1 дл по јадење. Се пие 3 недели, со 7 дена пауза, и се пие уште 7 дена.
  • Во 1 л. врела вода ставаме 75 гр. лист Магдонос, по 10 мин. процедуваме и се пие 4 пати по 250 мл чај.
  • Одличен е и Зелен чај!!                                                                                                                                                            


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови