Утринска мачнина кај трудници се јавува во вториот месец и трае наредните 2-3 месеци. Чувство на гадење и нагон за повраќање се симптоми на бременост, или се последица на пореметена работа на црниот дроб, проблеми со крвниот притисок или од Анемија!  

Што помага против утринска мачнина кај трудници  

За олеснување на оваа состојба добри се чај од Нане и напитоци од Ѓумбир. Со време губат ефикасност и треба да се прави пауза. Чаеви од сув лист Праска и Малина, препарати од Босилек и Коприва исто помагаат.

Зелен зеленчук богат со К-витамин е добра превенција за мачнина предизвикана од штетни материи, регулира работа на црниот дроб и помага за побрзо чистење на организмот. Слично помагаат и Глуварче и Морков.

Чај од Нане: во 1 л жешка вода додаваме 3 супени лажици сув лист Нане, по 20 мин. се процедува. Се пие млако пред спање и наутро по будење.

Чај од Малина и Праска: правиме смеса од еднакви делови суви лисја, ги ситниме во прав и 1 супена лажица смеса додаваме во 2,5 дл жешка вода; се процедува по 30 мин, се пие навечер пред спиење и наутро по будење.

Чај од Нане и пивски квасец: во 1,5 л пивски квасец додаваме 1 супена лажица свеж лист Нане, се остава преку ноќ. Дента се пие неколку пати по 1,5 дл. и задолжително пред спиење (внес на Б-комплекс).

Напиток од Коприва: во машина за мелење месо мелеме 1 кг свеж лист Коприва; збираме сок, ако е густ се разблажува со малку вода. Се пие со мед и лимон пред спиење и наутро после будење.

Смеса од Морков, Брокули, Зелка и Карфиол: во блендер мелеме по 100 гр Брокули, Зелка, Карфиол, зелен лист млад лук и 200 гр. рендан Морков. Се јаде 10 дена, одлично е за чистење на организмот!

Рецепт со Глуварче: миеме млад лист Глуварче, кратко се бланшираат и прелеваме со билно масло и со исечкан лук. Секој ден се јаде како салата, за регенерација на црн дроб!

Природен рецепт против ждригање и повраќање во бременост

По 1 супена лажица Нане и Камилица и 2 супени лажици Маточина, се прелева со 1 л вода,  по 1 саат се процедува и се пие наизменично по 1 супена лажица топло и ладно. Може да се заслади со сок од Вишна.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови