Хашимото тиреоидитис е автоимуна болест во која имуносистемот го напаѓа сопственото ткиво на жлездата. Сепак е ретка болест, се јавува 5-10 пати почесто кај жените од мажите, најчесто меѓу 40 и 50-тата година.

Причини за развој

Стрес е често поврзан со настанок на оваа болест. При јак стрес, организмот произведува антитела кои директно ја напаѓаат штитната жлезда. Се намалува активноста на штитната жлезда, тн. Хипотиреоза (воспаление на штитната жлезда). Но, стресот не е исклучив виновник за оваа болест, причинителот сепак не е познат, па често се споменува и наследен фактор, вируси и некои бактерии. Ризикот е зголемен кај пушачите, при намален внес на јод, како и од загадување на надворешната средина. Некои ја посочуваат габичката Кандида како виновник на оваа болест! 

Симптоми на хашимото тиреоидитис

На почеток се исти како и кај хипертиреоидозата – јако потење и забрзана работа на срцето, слабеење, замор, тремор, мрсна кожа, слаба концентрација и памтење. Симптомите траат неколку дена, понекогаш и неколку недели. Потоа се јавуваат симптоми на хипотиреоидизам – замор, тромост, заборавеност, поспаност, многу слаба концентрација, успорен говор и движење, нагло дебелеење, затвор и намален апетит. Срцето работи успорено, кожата е бледа и сува, мускулите се болни со чувство на слабост и малаксалост, безволност, со честа промена на расположението.

Кај жените се пореметува менструалниот циклус, а кај мажите опаѓа либидото.

Се зајакнува осетливоста на ладно време, се јавуваат отоци под очите и по лицето, запек, засипнатост, отежнат говор и дишење. Кај жените често се намалува и плодноста, а има и појава на спонтани абортуси.

Болеста се дијагностицира со лабораториски анализи и ултразвук.

Лечење на хашимото тиреоидитис

Се смета дека траен лек нема, но сепак, со третманите и лечењето се подобрува состојбата, а понекогаш болеста и исчезнува! Лечењето знае да потрае повеќе месеци, па и години. Терапијата трае до урамнотежување на нивото на хормоните. И по овој период лечењето се прилагодува наредните 18-24 месеци.

Пациентот се смета за излечен ако во рок од 5-6 месеци нивото на хормоните се нормализира!

Исхрана

Се препорачува: разноврсно овошје и зеленчук: моркови, спанаќ, авокадо, банани, семки од сончоглед, морска риба, рибини масла, интегрални житарки, мехунарки… Потребно е да се внесува храна богата со влакна, постепено и со доволно пиење вода, барем 2 литри на ден!.

Не се препорачува: зелка, кељ, кикирики, сенф, соја, грав, броколи, ленено семе! Сепак не треба да се исфрлат од менито, треба да се јадат од време на време.

Препорачани витамини и минерали

Селен е многу битен, благотоворно делува на штитната жлезда. Се внесува со храна, но и со суплементи. Туна и бразилски ореви се многу богати со селен. Сепак, не треба да се претерува, преголем внес знае да предизвика и проблеми!

Треба да се внесува и витамин Б12 – го има во месо, сардини и млеко.

И витамин Д е важен, се обезбедува со сончање, со внес на јајца, млеко, риба, млечни производи. Да се внесува храна од цели зрна, богата со железо и витамин Б, како и храна богата со антиоксиданси (витамин Ц, Е, А).

Да се намали внес на сол – содржи натриум, потенцијално опасен за кардиоваскуларниот систем.

Да не се зголемува внес на јод!

Се користат само ладно цедени масла, во салати и за готвење.

Корисно делува и Ѓумбир, како чај или додаден во јадења.

Да се користи рибино масло богато со Омега-4 масна киселина. Помага и масло од билката Жолто Ноќниче (Oenothera biennis)!

Јаткасти плодови се исто така добри!

Умерена физичката активност е многу важна – подолги прошетки на чист воздух, пливање и возење велосипед…

Исфрлете Глутен од исхраната доколку се сомневате дека Кандида е причинител на вашата болест; ако е така, резултати ќе има по 3-4 месеци.

Посоветувајте се со матичниот лекар во случај да имате симптоми за хашимото тиреоидитис.  

Доколку имате зголемен ниво на хормони, сончање и престој на море НЕ се препорачува.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови