Од хронична опструктивна белодробна болест или скратено ХОББ најчесто заболуваат пушачи, луѓе изложени на дим од цигари, на прашина, особи кои се изложени на хемикалии, гасови, иританси, загадена животна средина.
Во белите дробови настанува воспаление и со време стеснување на дишните патишта.

Најчести симптоми кај ХОББ

Kашлање, исфрлање секрет, воспаление, тешко дишење, губење воздух, често ноќно кашлање. Краток здив постои и при мал физички напор и не може да се земе доволно воздух, се тоа е проследено со болка и шуштење во гради. Замор се јавува поради недоволен внес на кислород. Се јавува зголемена телесна температура, слаба концентрација и заборавеност, депресија, губиток во тежина. Се пореметува работа на бубрези, што може да доведе до отоци на стапала и глуждови.

ХОББ - HOBB - hronična opstruktivna belodrobna bolest
ОТЕЧЕНИ СТАПАЛА И ГЛУЖДОВИ

Совети и препораки кај ХОББ

Вежби за дишење, умерена физичка активност, заштитна опрема на работа. Што почесто да се престојува на чист воздух. Да се јадат помали оброци, да се избегнува претопла храна и храна која подувува. Внес на сол да се сведе на минимум!

Добро е да се започне 7-дневен детокс со сокови од свежо овошје и зеленчук. Да се пијат 10 чаши вода на ден, ја разредува слузта во белите дробови и потикнува исфрлање шлајм. Се спие на умерено подигната перница.

ХОББ - HOBB - hronična opstruktivna belodrobna bolest
ДЕТОКС СОКОВИ И СВЕЖО ОВОШЈЕ

Да се избегнува контакт со лица кои боледуваат од дишните органи, со крзнени животни, употреба на парфеми, лакови за коса, спрејови, да се одржува хигиена, особено на теписи и завеси.

Природни билни средства против ХОББ

Подобруваат квалитет на живот!

Дивизма

Цветот содржи слуз која ги обложува бронхиите и помага против кашлање. Содржи сапонини кои помагаат во искашлување.

Чај од Дивизма: 1 лажица смеса од Дивизма и Тегавец се попарува со 1 чаша зовриена вода. По 20 минути се процедува. Се пијат 3 вакви чаши на ден, после јадење, засладени со мед.

Повеќе за оваа билка прочитајте на следниот линк: Дивизма

Лута храна

Лута пиперка помага исфрлање на слуз. Го зајакнува и штити белодробното ткиво. Добри се лук, ѓумбир, рен…

Сладич

Чај од Сладич помага во разлагање и исфрлање на слуз и искашлување: ½ лажиче билка се прелева со 150 мл зовриена вода и се остава 5 мин., па се процедува. Се пие 1 чај по главните оброци, со мед и цимет, 20-30 дена.

Повеќе за оваа билка прочитајте на следниот линк: Сладич

Босилек

Чајот од Босилек и инхалација со него служат да се чистат бели дробови, зајакнуваат ткива. Се користи и во исхрана.

Нане

Содржи ментол кој разлага и намалува слуз. Се пие чај или се зема тинктура.

Други билки

Зелен и црн чај разлагаат слуз и помагаат искашлување; кофеинот во нив има антидепресивно дејство. Еукалиптус е за инхалирање,

Оман смирува кашлица и исфрла слуз.

Плуќниче отстранува катар од дишни патишта, смирува кашлица и регенерира слузница на дишни органи (3 чаја на ден).

Очајница исфрла слуз и делува против бронхијални спазми (грчеви), а олеснува и кашлица! Се користи чај и тинктура.

Повеќе за оваа билка прочитајте на следниот линк: Очајница


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови