Целер или на латински Apium graveolens –  топи каменец, намалува холестерол, олеснува варење и има многу други корисни дејства на здравјето. Разни истражувања потврдуваат дека Целер значително намалува ниво на холестерол! Само 2 стебленца на ден се доволни. Целер помага излачување на жолчна киселина којa отстранува холестерол од телото.

Состав и својства

Сокот од стебликата е полн со хранливи материи; урамнотежува Ph вредност на организмот, кој е често закиселен од конзумирање на индустриски преработена храна.

Листови од целер

Богати се со витамин А, а петелките се богат извор на витамините Б1, Б2, Б6 и Ц, многу Калиум, фолна киселина, Калциум, Магнезиум, Железо, Фосфор, Натриум и есенцијални аминокиселини. Има и билни хормони, како и вредни етерични масла кои го даваат специфичниот мирис на Целерот. Овие масла особено поволно делуваат на нервниот систем и смирувааат.

Целер содржи Натриум кој е поинаков од солите што ги користиме во кујна. Кујнската сол се состои од нерастворливи аноргански споеви, кои доведуваат до создавање на проширени вени, до оштетување на артерии и други болести. Натриумот во Целерот е растворлив во вода и телото може подобро да го искористи и истовремено да ја одржи хидрираноста на клетките.

Целерот содржи најмалку осум анти-канцерогени состојки кои спречуваат ширење на рак. Тоа се Ацетиленици и фонолична киселина. Кумарини се уште една фито-хемикалија кои исто спречуваат дејство на слободни радикали и служат во превенција на развој на рак на дебело црево и на желудник.

Целер и Анти-канцерогеност. Celer i Antikancerogenost.
ЦЕЛЕР – АНТИ-КАНЦЕРОГЕНОСТ

Сок од Целер

Намалува холестерол, а помага и во излачување на жолчна киселина.

Влакната во целерот содржат хранливи материи кои помагаат подвижност на цревата, така целерот станува природен лаксатив против затвор. Помага и во опуштање на нервите исцрпени со фармацевтски лаксативи. Целерот содржи Калиум и Натриум и сокот помага производство на урина и ослободување од вишок течности.

Пијте сок од Целер 7 дена, ќе си помогнете во справување со висок крвен притисок. Но, сокот од Целер не намалува низок притисок!!

Се шират крвните садови и овозможува полесен проток на крв. Намалува ниво на хормон на стрес, кој предизвикува стеснување на крвните садови. Целеров сок содржи минерали и етерични масла со смирувачко дејство на нервниот систем, а тоа помага против несоница. Високото ниво на магнезиум опушта и овозможува мирен сон.

Помага и за создавање подобар либидо.

Со сок од Целер не внесувате калории, а добивате чувство на ситост и намалена желба за конзумирање колачи. Сокот од целер елиминира токсини и на тој начин помага исфрлање на уринарни и жолчни каменчиња. Сокот од Целер може да се меша со други сокови, на пр. со сок од краставица, морков, јаболки и др.

Sok od celer; Сок од Целер
СОК ОД ЦЕЛЕР


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови