Најчест причинител за ЦИСТИТИС се бактериите, но, може да настане и од вируси и габички, како и поради дејство на токсични агенси или лекарства.
Циститис – Пат на инфектот
Бактериите во мочниот меур доспеваат преку уриноводот на бубрезите, но и по лимфен пат од инфективните жаришта на блиските подрачја (воспаленија на дебело и слепо црево, простата, генитални патишта кај жените). Освен штетните микроорганизми Циститис предизвикува и самиот застој на урина во бешиката, конгестија на карличните органи поради бременост, менструација, студенило, испадната матка, оштетувања од повреди (од каменец, катетеризација), поради лоша хигиена, преголема физчка активност…
Циститис настанува и поради контрацептивна заштита – од дијафрагма, спермициди со кои се премачкани кондомите, чести сексуални односи, лоша навлажнетост на вагина.
Циститис – Симптоми
Зачестено мокрење, пецкање и болки при уринирање, присуство на крв во урина, при што урината има непријатна миризба, се јавуваат и болки во долниот дел на стомакот.
Лекување
По утврдување на вистинската причина, докторот препишува соодветна терапија – антибиотик и др. Лекувањето се забрзува со адекватна исхрана и со користење на напитоци од лековити билки!
Рецепти:
- 1/1 Клека, Рузмарин, Бозел, Кантарион, Коњско опавче, пченкарна свила, плод од Шипка, Босилек; 3 супени лажици 30 мин во 7 дл врела вода, процедуваме. Се дели на 3 чаши, за 1 ден – по 1 пред главните оброци
- 1/1 Враниловка, лист Брусница, Коњско опавче, Зајчев трн, Троскот надземен дел; види 1)
- Чај од Златница и Брусница
- Чај од Коњско опавче делува диуретички, елиминира бактерии и песок од уринарниот тракт, лечи уринарни инфекции; 2 кафени лажици сув лист Коњско опавче стои 10 мин во 2 дл врела вода, се процедува и веднаш се пие, Така 5-6 недели. Потоа легнуваме на топло!!
- По 1 супена лажица лист Бреза, корен Глуварче, лист и цвет Ајдучица, петелки Цреша; стои 2 часа во 7 дл врела вода, се процедува. По 230 мл пред јадење, 5 дена!
- 1 супена лажица ситно сецкана Луцерка стои 2 часа во 1 л врела вода, се процедува. Ставаме 1,5 кг шеќер и вариме 60 мин. Се лади 2 часа и сирупот го сипаме во тегли. Три пати по 50 мл по јадење, 10 дена!
Треба да се пие доволно вода
Најмалку 2 л на ден, а се спроведува и терапија со сокови 8 недели – од Брусница, Јаболка, Боровинки.
Масло од Оригано
Јако антибактериско, антивирусно и антивоспалително дејство; запира развој на стафилококи – има исто дејство како стрептомицин, ванкомицин и пеницилин!
Сода бикарбона
Одлично средство за уринарни инфекции – 1/2 кафена лажица се раствара во 2 л вода и се пие во тек на 1 ден. Со овој раствор се прави и промивка после уринирање – сода бикарбоната е базна, намалува можност за ширење на бактерии.
Таа оди добро со Увин чај – кој бара базна средина, а тоа се прави со додавање на 4-5 гр сода бикарбона.
Увин чај не е за деца и трудници!!!
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови