Бубрезите се централен дел на уринарниот тракт, филтрираат крв, елиминираат штетни продукти од внесена храна, течности и лекови, како и сувишни материи настанати од функционирање на поедини органи и системи.
Подложни се на многу заболувања, едно од нив е Цисти на Бубрези!  

Цисти на бубрези: Опис

Тоа се меури исполнети со течност; последица се на дегенеративни процеси во бубрезите, од наследни пореметувања т.н. Полицистична болест на бубрези! Често се мали и малубројни, без симптоми, но ако почнат многу да се зголемуваат и да стануваат многубројни, го зголемуваат волуменот на бубрезите – можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми; најчесто меѓу 30 и 40 г. старост.

Цисти на бубрези: Последици

Може да настане обструкција на мочните канали, со задржување урина во бубрежната карлица и чашки, хипертензија и инфекција на содржината на цистите. Поретко цистите добиваат злочуден карактер. Преку 20% заболени имаат проширени крвни садови во главата, а 75% од нив се изложени на голем ризик од пукање на крвни садови во мозокот! Кај 30% особи со полицистични бубрези, се создаваат и цисти на јетра, кои за среќа не попречуваат функционирање на овој витален орган!

Мали обични цисти најчесто не прават проблеми и не е потребно лечење, но, ако има компликации, се применуваат разни терапии: склерозирање на циста со игла, а ако ова не даде резултат, се врши хируршка интервенција.

Голема улога игра исхраната, а со примена на лековити растенија проблемот битно се ублажува.

Да се намали внес на: 

Протеини, Фосфор и Натриум за да се редуцираат отпадните материи кои бубрезите ги преработуваат и исфрлаат од организмот.

Намирници богати со протеини се: месо, риба, јајца, млечни производи, додека Фосфор има во млечни преработки, грашок, јаткасти плодови, во пиво и некои газирани сокови.

Натриум има во готварска сол, конзервирана храна, месни преработки, разни грицки; го има и во свежи и сушени кајсии, нектарини, сок од портокал, диња, круша, банана, сливи.

Енергетските плочки со житарки, и замрзнати готови јадења содржат многу нискоквалитетни протеини и фосфор

Здрави бубрези лесно преработуваат 2-3 л. течност, за заболени бубрези треба да се внимава со внес на течности и електролити! 

Цисти на бубрези: Фитотерапија

Мешаме по 50 гр Кантарион, лист Бреза и Коњско опавче; се зема од мешавината 1 супена лажица и стои 40 м. во 1 л. врела вода, се процедува. Се пие 1 л. чај на ден, 15 дена!

200 гр Куница (Ајдучица), 60 гр. цвет Бозел, по 30 гр. лист Маслина, Кантарион и Нане, и по 20 гр. Лазаркиња (Asperula odorata; Galium odoratum ) и Мајчина душица;… види претходно. 

Слика: Ајдучка трева; Slika: Ajdu;ka treva
АЈДУЧКА ТРЕВА

Редовна контрола на:   

шеќер, крвен притисок и холестерол, алкохол и цигари не, кафе 1-2 на ден!!      

Додаток:  

Коњско опавче

Содржи многу кременска киселина и помага при инфекција на бубрези од цисти!
Билката е тврда – содржи многу силикати, треба најпрво да се потопи во ладна вода 6-8 саати, потоа во истата вода се вари 15 м,, па се процедува и се пие!

Хронично воспалени бубрези и хипертензија  

Правиме смеса од по 40 гр. Коњско опавче и лист Бреза и 20 гр. Имела. Оставаме да стои цела ноќ. Наутро загреваме, додаваме 3 супени лажици од оваа смеса и на тивко вариме 15 мин во 0,5 л. вода, процедуваме.
Се пие 5 пати на ден.

Природни чистачи на бубрези: 

Најдобри билни диуретици се Ѓумбир, Глуварче, корен од Бел Слез, Смрека, Коприва, Магдонос, Каранфилче; ист ефект имаат лубеница, сок од лимон, сок од Брусница, семки од Тиква.

Со чистење на бубрезите се подобрува нивна функција, зајакнува имунитет, елиминира отрови и регулира крвен притисок!!   

Препорака:

1/1 Коприва, Троскот, Коњско опавче, Коријандер, Медведок (Ува), пченкарна свила и Коморач (Foeniculum vulgare);  1 супена лажица 3 мин. во 2,5 дл врела вода, се процедува.
По 1 ваква шоља 30 мин пред главни оброци!!  

Slika: Komorać. Слика: Коморач
КОМОРАЧ

Кура 21 ден: 
смеса – 15 гр. Коњско опавче, 10 гр. Коприва, 8 гр. Троскот и 6 гр. Кантарион;  ½ супена лажица вариме 10 мин. во 125 мл вода, процедуваме. На талогот од билките сипаме 4 дл врела вода и вариме 10 мин.; и ова се процедува и се меша со првиот чај! 
Се пие топло, по 125 мл. пред главните оброци.
Се прави 2 недели пауза и пак може да се повтори, но најмногу 4 пати во 1 година!!    

Семки од лубеница:
сушиме и мелеме поголемо количество семки од лубеница. 2 кафени лажици стојат 30 мин во 2 дл врела вода, процедуваме.
Се пие 3 пати на ден по 1 шоља.


Ако ве интересираат хербални (билни) рецепти, можете да ги најдете под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Условив