Црвен Кантарион, Кичица или на латински Centaurium erythraea.

Опис

Цвета од Јуни до Септември. Се користи надземниот дел. Не треба да се корне заедно со коренот, бидејќи тешко се размножува, па најдобро е да се отсече надземниот дел со остри ножици. Стеблото е шупливо, високо околу 30-40 см, обраснато со проретчени ситни ливчиња. Лисјата се јајчесто долгнавести, голи и сјајни. При дното на стеблото лисјата се вкрстено разместени. Цветовите се разделени на врвот на стеблото, со пет розеникаво-светлоцрвени латици. Цветот се отвара само на сонце.

Билката се наоѓа по влажни и песокливи ридести ливади и пасишта, по шумски чистини.

Црвен кантарион – состав и својства

Содржи горчливи хетерозиди, многу железо и натриум, како и смола, шеќер, восок, околу 0,8 % алкалоиди (најмногу Генцијанин) и етерично масло. Најгорчливо е стеблото, помалку цветот, а најмалку лисјата.

Народна медицина

Се користи за подобрување на апетит, при пречки во варењето и како лек против грозница и слабокрвност. Често ја има во чајни смеси кои се користат против болести на желудник. Делува како горчливо средство чии состојки помагаат рефлексно лачење на плунка, сокови и ензими во дигестивниот тракт, што подобрува варење на храна.

Примена на црвен кантарион

Се користи и за прочистување на крвта, лечење голема кашлица, горушица, болки во желудник, пролив, глисти, гихт, грозница, зголемена телесна температура, против нервоза. Постојат научни истражувања кои потврдуваат дека е добар антипиретик и дека има против-воспалително дејство. Добар е антиоксиданс и делува превентивно и помага детоксикација на организмот. Подобрува работа на црн дроб и ефикасна е против анорексија. На постарите им враќа виталност.   

Виталност. Vitalnost. и Црвен кантарион
ВИТАЛНОСТ И ЦРВЕН КАНТАРИОН

Некои практични рецепти со црвен кантарион против разни тегоби:

Против гасови и подуеност

Во стаклена тегла ставаме по 20 гр црвен Кантарион, горка Детелина, Камилица, Нане и Маточина; сипаме 1 л Комовица, проматуваме и оставаме да отстои затворена со капак 10 дена. Се процедува во стаклено шише, се чува на темно и ладно место. Се зема по 1 мало лажиче тинктура во 1 дл вода, 30 минути пред главни оброци. 

За подобро лачење на жолчка

Во стаклена тегла ставаме по 30 гр сув црвен Кантарион и лисја Метвица (Нане) и 1 цел лимон исецкан на потенки кришки. Сипаме 1 л благо бело вино. Затвораме и оставаме 10-15 дена, со повремено проматување. Се процедува и се чува на ладно и темно место. Се пие по 30 мл 30 минути пред главните оброци. 

За подобро варење

Мешаме 30 гр ајдучка трева, по 20 гр Петровец и лист Жалфија и по 10 гр Очајница и жолт Кантарион и по 5 гр Нане и црвен Кантарион. 1 супена лажица смеса полеваме со 2 дл зовриена вода, оставаме поклопено 20 мин. и процедуваме. Се пие 30 мин пред јадење. 

Против горушица

Мешаме исти делови жолт и црвен Кантарион и Подабиче; 3 супени лажици смеса попаруваме со 7 дл зовриена вода и оставаме да одстои 20 минути.
Процедуваме. Се дели на 3 чаши, по 1 чаша 30 минути пред главни оброци.

Горушица и Црвен Кантарион. Gorušica i Crven Kantarion
ГОРУШИЦА И ЦРВЕН КАНТАРИОН


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови