Чиа семе има висока нутритивна вредност. Содржи дури 9 есенцијални аминокиселини кои се неопходни за изградба на мускули.

Содржи Омега 3 масни киселини – 8 пати повеќе од лосос, 6 пати повеќе калциум од млеко, 3 пати повеќе железо од спанаќ, 15 пати повеќе магнезиум од брокули, 6 пати повеќе белковини од грав, 4 пати повеќе фосфор од необрано млеко. Содржи и Манган и Цинк.

Речиси 90% јаглени-хидрати кои ги содржи чиа семето се растителни влакна. За разградба на растителните влакна не е потребен инсулин и не го зголемуваат нивото на шеќер во крв.

Чиа семето е природен извор на липидни антиоксиданси со силно дејство, а за тоа придонесува и високата концентрација на полинезаситени масни киселини.

Богато е со протеини, а содржи и витамини А, Б, Е и Д. Впива многу течност и го зголемува волуменот за дури 10 пати.

Чиа семе – корисно дејство за здравјето

Во продолжение некои корисни дејства на здравјето:

  • Дијабетес – чиа семе е потенцијален природен лек за дијабетес тип 2. Во допир со течност добива желатинска обвивка која спречува нагли скокови на шеќер.
  • Крвни садови – покачува ниво на добар холестерол, а намалуваат ниво на лош холестерол и на триглицериди.
  • Црева и варење – 1 полно лажиче (30 гр) семе чиа содржи дури 11 гр влакна, тоа е 1/3 од препорачана дневна доза за возрасни. Со додавање семе во храна се подобрува варење, богатството со влакна овозможува природно чистење на цревата и ја подобрува апсорпцијата на храна.
  • Мозок и зглобови – Омега 3 масните киселини од чиа семето се важни за вашето здравје, а организмот полесно ги апсорбира од оние кои се во семето од лен.
  • Заби и коски – чиа семето е богато со калциум, со што спречува појава на остеопороза.
  • Белковини – семето е одличен извор на белковини за вегетаријанци и не содржи холестерол. 1 порција има 4,4 гр протеини (10% од дневните потреби).
  • Сон – содржи позната аминокиселина триптофан која го подобрува сонот, го регулира апетитот и подобрува расположение.
  • Телесна тежина – поради изобилство на протеини, влакна и нутриенти, чиа семе е одлично за намалување на прекумерна телесна тежина. Ја забрзува апсорпцијата на храна и разградба на маснотии и дава долготрајно чувство на ситост. Има низок гликемиски индекс.

Чиа семе во исхраната

Чиа семето нема вкус и не влијае на вкусот ако се додаде во храна. Се става во салати, тостови, во десерти, јогурт, фрапе. Се додава и во тесто кога се прават пецива, леб и колачи.

Од чиа семе се прави безглутенско брашно, а најдобро е да се додаде во храната на крајот од готвењето, не треба да се обработува термички.

Чиа семе и козметика

Пилинг за лице

Измешајте ¼ шоља кокосово масло, 1 лажиче сок од лимон и 1 лажица чиа семе. Смесата се нанесува на влажно лице и се масира со крушни движења. Почекајте 2 мин. смесата да се стегне. Одстранете го пилингот со мокар пешкир и измијте го лицето со ладна вода. Смесата стои во фрижидер 3 до 5 дена.

Совет – не купувајте чиа семе со кафеава боја, не е сосема развиено. Користете бели или црни.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови