Хеликобактерија е најчест предизвикувач на чир на желудник. Има и други предизвикувачи.

Слузокожата на желудникот е осетлива на разни лекови како антиревматици и кортикостероиди, претерана употреба на тутун и алкохол. Ранички понекогаш се создаваат и поради хроничен гастритис и др.

Најчести симптоми на чир на желудник

Најчести симптоми се болка и печење во пределот на стомакот. Мора да се оди на лекар. Болката обично е појака при јадење. Симптоми на чир на желудник исто така се и слаб апетит, слабеење, подуеност, подригнување, мачнина и повраќање.

Повраќање крв или крв во столица, е знак дека чирот пукнал и бара итна лекарска интервенција
Лечењето пократко трае доколку се почитува препишаната терапија и мерките на претпазливост, со соодветна диета, како и употреба на природни препарати.

Природни препарати против чир на желудник

Чај од овес

Навечер, во 1 л топла вода, ставаме 1 чаша измиен Овес. Наутро загреваме и крчкаме 30-тина мин., тргаме од оган и оставаме да одстои 12 часа. Процедуваме и досипуваме вода да се добие вкупно 1 литар. Се пие по 1 дл, 30 мин. пред главните оброци, во траење од еден месец.

Чај за чир на желудник со Босилек

Мешаме еднакви делови на сладич, тегавец, босилек, камилица и невен. 1 лажиче од мешавината стои поклопено 30 минути во 2 дл жешка вода. Се процедува и се пие пред јадење, 2-3 чаши на ден, 2 недели, потоа се прави пауза.

Чај за чир на желудник со Кантарион

Правиме смеса од по 40 гр Кантарион и Петровец, по 30 гр Ајдучка трева, Невен, Камилица, 20 гр Подабиче, 10 гр црвен Кантарион. 1 лажиче од смесата стои поклопено 30 минути во 2 дл жешка вода. Се процедува и се пие по 1 чаша 30 мин. пред секој главен оброк.

Препорака – секое утро, истовремено со конзумирање на некој од овие чаеви, на гладно се јаде оваа смеса: 1 лажица семки од лен ставаме во чај од камилица да стои преку ноќ. Наутро се додаваат 10 капки прополис и се меша.

Чаеви од лековити билки имаат смирувачко дејство на желудникот. Особено чај од Ајдучка трева, Камилица, Глуварче, бел Слез, Темјанушка.

Лековити билки за чир на желудник

Ајдучка трева

Делува благотворно на желудечно цревни заболувања, смирува воспалена кожа и слузокожа, лечи рани и гнојни процеси во организмот. Помага против пептички чир на желудник и на 12-то палечно црево и против синдром на иритабилен колон. Екстракт од ајдучка трева го штити желудникот од оштетувања од желудечната киселина. Чајот смирува болки во стомак, подуеност и други симптоми од пептичен улкус. Одлично делува во комбинација со камилица.

Липа

Исто така се користи против воспалителни процеси во желудник. Се прави чај од лисјата, а комбиниран со камилица е уште поефикасен.

Сладич

Се користи против успорено варење, против чир на желудник и на 12-то палечно црево. Смирува воспаленија на желудечна и на цревна слузокожа, намалува подување, мачнина и повраќање. Сладич е добра превентива за пептичен улкус, го стимулира лачењето на слуз која е заштитен слој на ѕидовите во органите за варење. Делува и против хеликобактерија.

Мастика

Pistacia lentiscus е зимзелена грмушка. Ако се зареже корката ќе потече миризлив смолест сок мастикс, кој се користи во индустријата и медицината. Има лековити состојки, помогаат против чир на желудник и Кронова болест. Умерено зголемена доза уништува и хеликобактерија.

Лекови од кујна

Свежа зелка содржи антиоксиданси, пред се, витамин Ц. Свеж сок од зелка неутрализира желудoчна киселина (има Глутамин). Секој ден треба да се јаде салата од свежа зелка со маслиново масло.
Билки со силно антивоспалително и антиоксидативно дејство се и Куркума и Ѓумбир.

Најновите истражувања укажуваат дека лицата со пептичен улкус можат да јадат луто пиперче. Со редовна употреба Капсаицинот во нив, ја намалува киселината и ја подобрува циркулацијата во ѕидовите на желудникот. Тоа се два важни фактори за превенција и лечење на чир. Свеж лук исто така помага, доколку немате низок крвен притисок.

Храна кај чир на желудник

Белка од јајце

Матиме 1 белка со 1 лажица шеќер во прав и 1 лажица маслиново масло. Се зема наутро на празен желудник, потоа не се јаде ништо во наредните 90 минути.

Кефир

Секоја вечер пред спиење треба да се испие 1 чаша кефир со 1 лажица маслиново масло. Се пие 45-60 дена.

Сокови од зеленчук

Секој ден е добро да се пие сок од морков, зелка, компир, наутро пред доручек. Се пие 1 недела, потоа се прави пауза од 1 недела.

За подолготрајна употреба, вариме компир со лушпата. Од течноста се пие 3 пати на ден по 2 дл. Ова го чисти организмот.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови