Чубрица, Чубрица планинска, Ноктец или на латински Satureja montana.

Својства, состав, опис, распространетост

Најчесто успева по карпести и неплодни почви во потопли краеви. Има пријатен вкус и мирис (отаму доаѓа латинското име Сатуреа). Од билката се прави етерично масло, зачин и чаеви.

Етеричното масло е богато со Тимол и Карвакрол; има добро дејство против упорни и патогени бактерии, како на пример Ешерихија коли и др.

Корисност и примена на Чубрица

Помага против тегоби со варење: повраќање, подуеност, пролив, мачнина…

Цветовите, стеблинките, лисјата и семињата се користат против грчеви во цревата, болки во мускули, дијареа, покачена телесна температура, добар е диуретик и лаксатив.

Помага и за подобрување на имунитет!

Ефикасно делува и против цревни паразити – глисти, амеби и сл.

Чубрица има одлични анти-септички својства и добро помага против рани, габични инфекции, воспаление на усна слузокожа, чиреви во уста и болки во грло.

Забележано е и дејство против кардио-васкуларни заболувања т.е. ги шири крвните садови.

Природни рецепти со Чубрица

Во случај да патите од мачнина, повраќање, подуеност или пролив се спрема ОПАРОК:
Зовриваме 700 мл вода и ставаме 15 гр горен дел од билката со цветови; оставаме да одстои 10-тина мин., процедуваме и опарокот го делиме на 3 чаши за во еден ден.

Помага за чистење и зараснување на рани и повреди на кожа – за оваа намена, на 1 л вода се става 30 гр горниот (вршниот) дел од билката.

Други лековити дејства

Помага против хроничен пролив, поттикнува апетит, помага против тегоби со дишниот систем –  грип, бронхитис, болки во грло, тегоби во уро-гениталниот тракт, против Ешерихија Коли, намалува проблеми при циститис,  зајакнува машка потенција, помага против општ замор и раздразливост и др.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови