Се смета дека до реактивно создавање на коски (трн или шилци во пета) настанува поради хронично механичко оптеретување. При одење доаѓа до воспалување и болка.

Почесто се јавува кај жени, спортисти, балерини – се јавува силна болка во средина на петата. Некои калцификати не пројавуваат болка. Присуство на трн во пета се утврдува со ултразвук и Рендген.

Постои и лигаментна структура во долниот дел на стапалото, таканаречена Плантарна фасцилија, која се протега од петицата до прстите. Долготрајно оптеретување, трчaње, лоши обувки можат да предизвикаат воспаление на тие лигаменти и болки, но ова не е трн (шилци) во пета.

Методи на лечење

Игнорирање на оваа состојба може да предизвика хронични проблеми.

За трн (шилци) во пета помага благо удирање со петицата во под, 3 пати на ден по 4-5 удари.

Исто така помага и масажа на петицата со коцка лед (мраз) во крпа и така се масира, по 15 минути, 2-3 пати во денот.

За посилни болки помага облога од нарендан свеж компир со лушпа, се витка стапалото со фолија и се облекува чорапа. Ова се прави неколку дена. 

Природни рецепти за шилци во пета

Петицата се мачка со смеса од по 1 кафено лажиче сол и мед, се става газа и фолија и одозгора чорапа. Ова се прави 10 дена, а облогата се менува секој ден.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови