Шипка, Дива ружа или Rosa Canina.

Опис, својства, состав

Шипка и зелен плод од орев се најбогат природен извор на витамин Ц! Најмногу го има во зрел плод кој сеуште не омекнал и не почнал да губи светло црвена боја. Сув плод, но и производи од преработени плодови, задржуваат голем дел од инаку нестабилниот витамин Ц.

Богата е со Каротин и витамин П, со витамини Б1, Б2, Е и К. Во семките има доста витамин Е и ванилин, затоа истолчените семки имаат пријатна миризба. Производите од плодот содржат многу витамин Ц и добри се за зајакнување на имунитет.

Здравствена корист од Шипка

Помага лечење и опоравок како помошно средство, а зајакнува и отпорност на инфекции, на пр. настинки и грип. Содржи состојки кои помагаат против пролив, особено ако е предизвикан од треска.

Она е и диуретик (има пектини и органски киселини). Поттикнува излачување на сокови за варење и така ублажува гастритис. Помага против болки во зглобови, подобрува подвижност на артритични зглобови.

Природни рецепти со Шипка

Анемија и славокрвност

По 2 лажици иситнета Шипка и Рибизли во 2,5 дл ладна вода, загрејте и варете на тивок оган 10 мин. Оставете да се пролади и процедете. Пијте 3 чаши на ден доколку имате низок ниво на железо во крв.

Грип и настинки

Направете смеса од 30 гр Шипка, по 20 гр цвет Липа и цвет Бозел и 10 гр Пелин. 1 лажица смеса ставете 10 мин. во 250 мл зовриена вода. Процедете и засладете со мед. Пијте 2-3 чаши на ден.

Камен во бубрег, болести на мочен меур и реума

Варете 30 мин. 1 полна лажица здробени семки од Шипка во 250 мл вода и оставете да одстои 1 саат. Процедете, чајот има убав вкус – содржи Ванилин.

Имунитет

Помешајте 10 гр Шипка, по 20 гр Камилица и Бозел, по 10 гр Матичњак, лист Боровинки и Коприва, Ајдучка трева и по 5 гр Невен и Хибискус. Ставете 1 лажица смеса во 250 мл зовриена вода и по 10 мин. процедете.

Се пијат 2 чаши на ден.

Во 150 гр плод Шипка без семки ставете сок од 2 лимона и оставете да омекнат. Измиксајте да се добие каша, сипете 1 л вода и уматете 150 гр мед, Ставете во шише па во фрижидер. треба да се потроши за 2 недели. Се зема 3 пати на ден по 2 лажици сируп (евентуално со малку вода).

Реума и Артритис

Помешајте по 30 гр цвет од Шипка, Липа и Бозел и 10 гр цвет од Борач. 2 лажици смеса ставете во 1 л зовриена вода. По 20 мин. процедете. Се пие во рок од 1 саат, може да се заслади со малку мед.

Чај од Шипка

Помага при воспалителни процеси на бубрези и спречува нови заболувања, како и создавање на седименти во бубрези и мочен меур. Оди во комбинација и со други билки.

Вино од Шипка

Состојки:
3 кг плод Шипка, 4 л проварена вода и 2 кг шеќер.

Плодовите се чистат и се сечат на пола. Ставете ги во широк сад. Направете отопина од вода и шеќер, штом се избистри сипете врз плодовите. Ставете капак со мало дупче или ленена крпа и оставете на топло место.

После потполно вриење процедете го виното, сипете во шишиња, добро затворете и однесете го во ладна просторија.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови