Јаглика или на латински Primula veris.

Дали можете да препознаете Јаглика?

Веруваме ДА! Но кои бенефити она ни ги дава, ќе ви пренесеме во следните неколку пасуси.

Опис

Заштитена билка, една од првите весници на пролетта. Цветовите се жолти. Расте во светли шуми во грмушки.

Што се она содржи

Натриум, Калциум, Сапонин, Примаверин, Примулаверин, а во цветовите Флавоноиди. Листот содржи многу витамин Ц, Каротен и кристализирани јаглични киселини. Добро помага при состојби на спазми, парализа, како аналгетик и антипиретик. Содржи и салицилати – тие се главна состојка на аспиринот, делуваат против воспаленија и грозница.

Грозница - Јаглика
ПРИМЕНА КАЈ ГРОЗНИЦА

Каде се користи Јаглика

Јагликата (Јагорче) прочистува крв и од организмот елиминира причинители на реума и костоболки. Иима одлични лековити својства кои помагаат кај болести на белите дробови, несвестица и тропање на срце. Подобрува циркулација на крв и исфрлање на слуз. Меѓу другото, Јагликата се користи за лечење на бубрези, реуматизам и хроничен замор.

Контраиндикации

Не е за трудници, ни за особи осетливи на аспирин ниту за оние кои земаат антикоагуланси.

Чај од Јаглика

Чај од Јаглика ги лечи причините за несоница, чувајќи ги нервите и здравјето воопшто. Добро делува на нервите и срцето, ги зајакнува и смирува главоболки на нервна база. Чај од Јаглика треба да се земе пред да се користат било кои синтетички средства за подобар сон. Одлично помага против несоница и мигрена.

Чај од Јаглика
ЧАЈ ОД ЈАГЛИКА

Чај од цветови од Јаглика зголемува број на црвени крвни зрнца. Тие што се склони кон заболувања на мускули и лигаменти, треба секојдневно да пијат по 1 дл од овој чај и болките ќе престанат.

Чај од коренот е одлично средство за смирување на главоболки, нервоза, вртоглавица и несвестица.

Корен од Јаглика. Koren od Jaglika
КОРЕН ОД ЈАГЛИКА

Јагликата е одлична против воспаление на срцевиот мускул, превенира излив на крв во мозок!!


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови