Јоргован, обичен Јоргован или на латински Syringa vulgaris.

Опис, својства, период на цветање, распространетост

Јоргован цвета на пролет, опива со преубава миризба и расцветана крошна. Добро поднесува зимски услови. Припаѓа на семејството маслиновки (Oleraceae). Родот има повеќе од 20 вида. Расте неколку метра во висина, како грмушка или дрво. Често се среќава како слободно расте во природата. Се размножува со семе, со изданци или резници.

Корката на стеблото е сива или сиво-кафеава. Млади дрвја имаат мазна корка, кај старите корката е надолжно испукана.

Лисјата се долги 5-12 см, широки до 8 см. Имаат овално-срцеста форма, бојата е зелена до сивозелена.

Цветовите имаат метличеста форма, стојат исправени, грстот со цветови достига должина од 10 до 20 см. Миризбата е опојна и пријатна. Цветот има 4 латици, бојата е розеникаво-љиљакова, поретко бела (зависно од видот).

Плодовите имаат форма на тоболец од 1-2 см должина, во кој има 4 долгнавести кафеави и сплескани семки.

Доколку се одлучите да го одгледувате – Јоргован најдобро успева и цвета на умерено алкално земјиште, со што помал процент на јаглерод. На пролет е добро се прихранува со фосфорно ѓубре.

Лековитост на Јоргован

Јоргован има аналгетско, седативно, тонично и анти-септичко дејство. Медоносна е билка, дава умерено количество нектар и поленов прав.

Од цветовите се прават мелеми (во комбинација со други билки) против кожни тегоби, на пр. изгореници и осипи. Помага и ако варите цветови во вода, додека водата да потемни – се користи исклучиво како облога. Помага против гребнатинки, исеченици, нечистотии на кожа и др.

За нега на лице, проварете цветови во млеко и ставете на лице како облога.

Масло од Јоргован е одличен анти-ревматик и за масажа. Помага и против неуралгии на нерви.
Јоргован се користи и за тегоби на дишните органи, против брохитис и кашлица. Помага и против подуеност и затвор, како и против Глауком.

Се користи и за ароматерапија, овозможува душевна и емоционална рамнотежа, помага лечење на депресија и за зајакнување на сензуалност.

Од разни диви билки кои се јадат и цветови Јоргован се прави здрава салата!

Билни рецепти од Јоргован

Чај од цветови

Ставете полна лажица цвет Јоргован во 2 дл ладна вода. По 2 саата загревајте до вриење, процедете и оставете да се олади до млак чај.

Чај од корка од Јоргован

Корка од стебло се зема рано на пролет или на есен, кога ќе созреат плодовите. Корката се ситни и се суши на провевно и топло место. Содржи етерично масло, Танин, минерали и Сирингин.

Во 2 дл ладна вода ставете 2 лажици корка и оставете ја 2 саата. Загрејте до вриење, проварете 20-тина секунди и оставете да се лади 1 саат. Процедете. Се пијат 2-3 чаши на ден. Обновува црн дроб, лечи напнатост, одстранува болки.

Масло од Јоргован

Одлично е за нега на тело и за масажа.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови