Билни рецепти за псоријаза кои можат да ги ублажат реакциите на кожата локално:   

  • Се прави смеса од 400 гр Таан и 400 гр сок од Лимон. Се чува во фрижидер. Се зeма по 1 супена лажица пред оброк, 3-6 месеци.
  • Се мачка кожата со масло од Нане, Лаванда, корен од Гавез, Кантарион, Жалфија, Кокосово масло!! Сите масла делуваат смирувачки и пријатно за болната кожа. 
Слика: Лаванда; Slika: Lavanda
ЛАВАНДА
  • Во 0,5 л. маслиново масло се става 50 гр. млад маслац од кисело млеко или од кајмак, 20 гр. цвет и лист од обичен Рузмарин, по 10 гр. лист и зелен омот од Орев, Нане и Кантарион, по 15 гр. лист и цвет Лаванда, ситно сецкана кора од Бозел и по 5 гр. машки и женски Тегавец; 40 мин. се меша на тивко (не смее да се врие!!), се додава 70 гр. стопен пчелин восок, 12 гр. стопен Прополис – мешаме добро и пакуваме.
Slika: Nane; Слика: Нане
НАНЕ
  • Чај 1: правиме смеса од по 1 супена лажица Матичњак-Нане-Невен-Коњско опавче-Жалфија; преливаме со 1 л. врела вода и по 30 мин. процедуваме.
    Се пијат по 2,5 дл наутро и навечер на гладно. 
  • Чај 2: од Бел Слез-Коприва-Зајчев Трн и Купка од лист Бршлен и Орев. 
Слика: Зајчев Трн; Slika: Zajčev Trn
ЗАЈЧЕВ ТРН
  • 10 гр. кора од Даб, по 30 гр. кора од Врба, Росопас, Невен, Разгон, 50 гр. Коприва, 40 гр. Сурутарка (Filipendula ulmaria),  и по 20 гр. Ореова лушпа, Димарка и Ајдучица; 1 супена лажица смеса се прелива со 2,5 дл врела вода, по 3 мин. се процедува. Се пијат 6 чаши на ден во голтки. 
Слика: Сурутарка; Slika: Surutarka
СУРУТАРКА
  • Се мачка кожата со разреден јаболков оцет, 2 пати на ден.                               

Мелем – билни рецепти за псоријаза:

Лист Коприва, Мед, Кантарион и Сапунарка; во 0,5 л. маслиново масло, 20 капки Прополис, 55 гр. пчелин восок: 3 пати на ден, стои 60 мин.
Се мачка со сок од Росопас, по 20 мин се измива, потоа се мачка со мелем.    


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови