Остролисна МАХОНИЈА (Жолтика) или на латински Berberis aquifolium е грмушка која расте до 150 см висина, со цврсти, жолто-кафеави гранки и големи шпицести секогаш зелени лисја. Има жолти цветови, во 5-10 см густи и долги гроздови.

Опис и својства

Во медицината се користи корката и врвовите на гранките. Важни фармаколошки состојки се некои видови алкалоиди (апорфински и др).

Намена

Најважно и е дејството на жолчниот меур и на црниот дроб. Подобрува варење и потикнува впивање на хранливи состојки. Жолтиките се добар и безопасен лаксатив, често корисни при хронични опстипации, можат да се користат и подолго време, што овозможува полесна и поредовна работа на цревата!

Махонијата е особено добра за хронични болести на кожа, како на пр. Екзем и Псоријаза. Тоа делумно е заслуга и поради нејзиното корисно дејство на црниот дроб.

Корката од Махонија спречува создавање на воспалителни состојки. Алкалоидот Берберин влијае на раст и размножување на клетки.

Опстипација. Opstipacija
ОПСТИПАЦИЈА
Псоријаза
ПСОРИЈАЗА

Махонија – форми и дозирање 

Се употребуваат готови креми, масти, лосиони, со Тинктура во 10% раствор, стандардизирано на 1% Берберин. Се нанесува на кожа тенко, неколку пати на ден. Главно се користи во лечење на гастритис и општи слабости со варењето, поттикнува работа на бубрези и жолчен меур и за намалување на катарални проблеми.

Корката од коренот е алтератив, колагог, диуретик, лаксатив и тоник. Подобрува варење и апсорпција. Се зема внатрешно при лечење на Псоријаза, Сифилис, крварења, желудочни тегоби и за прочистување на крвта. Надворешно се користи за испирање на грло!

Коренот се бере во касна есен или рана пролет, па се суши за понатамошна употреба. Плодот е одличен благ и сигурен лаксатив. Во ризомот на Махонија, Берберинот е универзално присутен. Има јак антибактериски ефект, се користи како горчлив тоник. Орално се користи за лечење на разни ентеролошки инфекции, особено на бактериска дизентерија.

Ограничувања и нус-појави на Махонија

Берберинот има и антитуморско дејство!!

Во почетокот може да се појават лесни црвенила на кожата и пецкање, кои по некое време спонтано се губат. Алергиски реакции се ретки.

КОНТРАИНДИКАЦИИ: Не смее да се користи во бременост! Не треба да се комбинира со Сладич, бидејќи слаткиот корен го поништува дејството на Берберинот!


Гаење: отпорна е билка и не е захтевна.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови