Дали сте спремни да го пробате највкусниот мед од природата? И ние сме! Но, пред тоа прочитајте што се содржи медот.
Дејство
Медот има исклучително благотворно дејство на нервните клетки, ја подобрува нивната исхрана. Помага за подобро искористување на витамини и минерали внесени со храна. Нормализира оксидација и детоксикација и така намалува раздразливост.
Занимливост:
Романски доктори успеале да подобрат здравје кај душевно болни лица од меланхолија и нервни болести. Не користеле лекови, туку само мед – во период од 3 недели. Пациентите имале помирен сон, помала раздразливост и поголема мотивација!
Содржина на медот
Во зависност од видот, содржи 16-21% вода.
Пребогат е со витамини и минерали, содржи повеќе од 200 состојки:
- Витамин Б1
- Витамин Б2
- Витамин Б3
- Витамин Б6
- Витамин Х
- Витамин К
- Витамин Ц
- Витамин Е
- Витамин А
- Витамин ПП
- Амино-киселини
- Мравја киселина
- Оксална киселина
- Лимунска киселина
- Оцетна киселина
- Фосфор во најповолна форма за апсорбирање во телото (помага при умствен напор)
Содржи и железо и етерични масла кои имаат благотворно дејство на мозочните клетки.
Општа примена на медот
- Против несоница – помага чаша млеко со 1 лажица мед; медот е лесно сварлив, во крв оди со мали промени
- Делува како пробиотик – ги стимулира бактериите во органите за варење и го зголемува бројот на млечните бактерии
- При хиперацидитет – медот се зема 2 саати пред јадење растворен во чаша млака вода, а при хипоацидитет – медот се зема 10-15 минути пред јадење со чаша ладна вода
- При воспалено дебело црево – мед се зема три пати на ден пред јадење, по 1 гр на 1 кг телесна тежина.
- За смирување кашлица и Бронхит – правиме смеса од 20 гр сладок корен, по 10 гр корен и лист од Бел и Црн Слез, Мајчина душица и Подбел. Две супени лажици смеса попаруваме со 6 дл врела вода. Стои поклопено 30 мин, потоа се процедува. Се дели на 3 чаја по 2 дл, засладени со по 1 кафено лажиче мед и сок од лимон – се користи 10 дена.
Видови мед и нивна намена
Извори на мед: Нектарски (цветен) мед, шумски мед и мед од слаткасти материи (од распукано овошје, лубеници и сл)
Багремов
Има светло-зеленкаста до жолтеникаво-прозирна боја. Одличен е против дигестивни и бубрежни пореметувања, за болен црн дроб и кај дијабетес. Оди со млако млеко за заспивање, помага против ендокринолошки и нервни заболувања.
Рецепт за нервозни и мрзливи црева: во 1 кг багремов мед умешуваме по 1 супена лажица сомелени иглички Рузмарин и Лаванда и нарендан корен од Ѓумбир; се пие по 1 супена лажица разблажена со 100 мл вода, 30 мин. пред јадење.
Липов
За инфицирани дишни патишта – тера на потење и се лежи во кревет додека трае инфекцијата.
Ливадски
Има силно анти-микробно и анти-габично дејство – помага при дигестивни, бубрежни, бело-дробни и гинеколошки заболувања, болести на срце и крвни садови.
Планински
Зајакнува организам, имунитет, дишни органи, стомачно-цревни болести.
Боров мед
За инфекции на дишни органи, бронхитис, воспаленија на синуси, грло и слузокожа на нос, против дигестивни и бубрежни заболувања.
Шумски
До 10 пати е побогат со минерални материи во однос на другите медови – помага кај анемија!
Костенов мед
Кај проблеми со варењето, за срце и црн дроб.
Мед од Жалфија и Рузмарин е добар за дишните патишта.
Мед од Лаванда
Богат е со железо!
Мед од Детелина
При стомачно-цревни проблеми и кај заболени од Дијабетес.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови