Златница, Златошипка, Челеби гранка или на латински Solidago Virgo-Aurea – расте по рабови на шуми, во барички полни со вода и на поблаги падини, карпи и песоклива земја.

Опис

Расте до 1 метар во висина, има црвеникаво стебло со ситни жолти цветови насобрани во грозд. Во лето се собираат цветовите и малку од стеблото со неколку лисја. Цветовите се најлековити.

Намена

Златница помага против повраќање и проливи, астма, настинки, грип, воспаление на грло, сезонски алергии, туберкулоза и некои белодробни болести.

Контраиндикации: мора умерено да се користи, содржи отровни алкалоиди, а може да предизвика и црвенило на кожа, како и намалување на крвниот притисок.

Билни рецепти со Златница

За внатрешна употреба: чај од Златница

1 полно кафено лажиче цвет Златница се попарува со 250 мл зовриена вода, стои поклопено 20 минути и се процедува. Се пијат 1-3 чаши чај во текот на 1 ден.

Овој чај одлично помага за повеќето бубрежни заболувања, на пр. Хронична бубрежна инсуфициенција, Хидронефроза, разни воспаленија на бубрези и мочен меур, инфекции (Ешерихија коли, Коко-бацил…).

Намалува ниво на Креатинин и Уреа, топи камен и песок во бубрези и во жолчка.

Пиење на 1-2 чаја на ден, помага против нервна напнатост, раздразливост, подобрува сон и се препорачува на особи во состојба на психички стрес. Намалува крвен притисок. Врел чај потикнува потење (како и чај од Липа), мора да се лежи во кревет.

Бргу запира крварења од црева предизвикани од хемороиди!

Проблеми со Бубрези
ПРОБЛЕМИ СО БУБРЕЗИ

Златница за надворешна употреба

За облоги за рани, кожни болести и изгореници, чиреви.

Рецепт: во 0,5 л. зовриена вода се ставаат 3 полни супени лажици Златница, стои поклопено 1 саат и се процедува. Натопени крпи се користат за облоги. 

Рецепт за заболена Простата, мочен меур и бубрези 

Добро мешаме 25 гр. лист лешник, по 20 гр. Златница, Коњско опавче, Свиленица (ситноцветна врбовка) и 15 гр. Шипка. Во 0,5 л. зовриена вода ставаме 2 полни супени лажици смеса, оставаме поклопено 20 мин., потоа се процедува.

Наутро и навечер, 30 мин. пред јадење, се пие по 1 чаша чај, во траење од 15 дена, потоа се прави пауза од 1 недела.

Проблеми со Простата
ПРОБЛЕМИ СО ПРОСТАТА


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови