ВИРОК или на латински Alchemilla vulgaris – за сите женски болести!
Опис
Зелена, трајна билка, висока околу 20-40 см. Листовите се округлести со назабени врвови. Цветот е мал, жолто-зелен. Ја има насекаде, на повисоки и влажни места, по рабови на ливади и шуми, во полусенка. Цвета од Мај до Август, зависно од земјата и местоположбата. Се бере во време кога цвета. Лековити делови се стеблото со цветовите.
Вирок – употреба
Одлична е против болни циклуси кај жените, против засилен секрет. Се употребува и во бременост. Исцелува разни воспаленија, чиреви, ублажува симптоми на климакс, зајакнува срцев мускул, делува и како диуретик, а подобрува и крвна слика. Добро и прија на матката и превенира спонтан абортус.
Жените ја сметаат билката Вирок за своја заштитница, важи за универзален лек против сите женски болести.
Искуствата велат дека спречува дури и спуштање на матка. Доколку тоа и се случи, тогаш се пие чај од свежо набран Вирок! Чајот се пие полека, голтка по голтка, 4 чаја на ден.
За да се осети благодет од Вирокот, слободно може да се користи и повеќе месеци. Добра е и при неможност за зачнување, т.е. за лечење на неплодност при што се користи во комбинација со мачкина трева.
Регулира лачење на женски хормони и ги доведува во ред менструалните циклуси.
Се пие и против полицистични јајници. Чај од Вирок се пие и во менопауза – регулира хормони и ублажува симптоми на менопауза.
Вирокот е делотворен и против рак на дојка, против ХПВ и други вируси, против бактерии на пр. Стафилокок.
Се употребува и надворешно, за испирање во случај на бактерии, габи и воспаленија. Доколку има крварење и вон менструација, се препорачува промивка со појак чај од Вирок. Вирок е делотворен и против дијареа – сам или во комбинација со други чаеви! Добар е и против дебелина.
Употреба во бременост и по породување:
После третиот месец на бременост, може да се пие чај од Вирок. Зајакнува матка и ги штити трудниците од спонтано побацување. Чајот се пие и по породување, породилката побргу се опоравува, се зајакнуваат мускулите, се затегнува стомакот.
Чај од Вирок
1 кафено лажиче се прелева со 2 дл зовриена вода. Стои поклопено 10 мин., потоа се процедува. Се пие полека, во голтки. Доволни се 2 чаши на ден.
Чајот се препорачува и кај дијебетичари, како и против гихт и реума. Вирок е одличен како лековита облога, за исеченици, убоди и други рани.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови