Каранфилче (Клинче) е плод на зимзелено дрво Каранфиловец (Syzygium aromaticum). Во Ајурведа со Клинче најчесто се лечат болести на дишниот и дигестивниот систем.

Масло од Каранфилче

Има исклучителни анти-оксидативни и анти-микробни својства и е еден од најсилните анти-септици! Доколку ве мачи воспалено грло или ангина, помага џвакање на суви цели Клинчиња или пак свежо спремен чај од него. Ароматичното и лековито масло од овој зачин е ефикасно против болки во грло и воспалени крајници.

Во Индија препорачуваат секојдневна конзумација на 1-2 Клинчиња за јакнење на имунитет, за превенција на болки во грло и за добро здравје на заби. Најдобро е во вечерните саати, наводно има двојно посилно дејство.

Болки во грло. Bolka vo grlo
БОЛКИ ВО ГРЛО

Својства

Каранфилчето има анти-бактериски својства и така намалува ширење на бактерии во усната шуплина и помага во зачувување на здравје на гингива. Содржи Еугенол, моќен природен анти-оксиданс. Содржи и флавоноиди, хексани, метилен-хлорид и тимол, затоа има не само анти-оксидативни, туку и анти-микробни, анти-воспалителни и анти-коагулативни својства. Со џвакање се ослободуваат сите овие состојки.

Здравствена корист од Каранфилче

Каранфилчето чисти јазик, непца и грло од штетни бактерии и токсини. Маслото од Каранфилче помага и против бронхитис, синуситис, астма и други заболувања на дишните патишта. Разредува слуз во грло и стимулира негово исфрлање и одлично помага против упорна кашлица, отстранува и неугодна иритација во грло која тера на кашлање, од лош здив и забоболка.

Употреба

Џвакање на Клинче

При први знаци на болки во грло или воспаление на крајници, џвакајте 1 суво Каранфилче.

Испирање на грло со лековит чај

½ чајно лажиче клинчиња прелеваме со 2 дл зовриена вода. Стои поклопено 20 минути, процедуваме и испираме грло навечер пред спиење.

Чај од Клинче забрзува лечење на било кое респираторно заболување!

Чај од Каранфилче. Čaj od Karanfilče
ЧАЈ ОД КАРАНФИЛЧЕ

Дишење на масло од Клинче

Вдишување мирис од етерично масло од Каранфилче помага против болки во грло и зачепен нос!

Шишенце со етерично масло доближуваме до едната ноздрва и вдишуваме-издишуваме низ неа 15-на секунди, потоа истото го повторуваме и со другата ноздрва. Маслото може да се накапи на марамче или во арома-ламба и така може да се вдишува.

Против запушен нос добро помага инхалација со жешка вода со 5-6 капки масло од Каранфилче.

Мед и Каранфилче

Против болки во грло и кашлица одлично помага конзумација на мед со масло од Каранфилче или суви цели Клинчиња (1 супена лажица мед со 1-2 клинчиња) или 1 супена лажица мед со ¼ кафено лажиче мелено клинче! Може да се додаде и во чај.

Препорака: Најдобро е да се користи цело органско Каранфилче.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови