Лазаркиња или на латински Asperula odorata – не е честа меѓу рецептите иако многу помага!
Опис
Листовите се берат пред да процвета (Мај-Јуни), се бере цела, се сече 5-6 см над земја. Се суши во сенка, на промаја. Чајот е добар против уринарни инфекции и за кардио-васкуларни заболувања. Содржи вредни есенцијални масла, витамин Ц и Гликозид (супстанца која влијае на работата на срцето).
Својства, состав и намена
Лазаркиња помага при оштетување на срцев мускул, слабости и тропање на срце, нервна напнатост, анксиозност, неуралгии, за смирување, несоница, мигренозни главоболки, против грчеви, помага и дигестија.
Но, внимание со дозите! Доколку се претера, има токсично дури и смртоносно дејство!!!
Медицински бенефити од Лазаркиња
Лазаркиња за Хеликобактер-пилори: уништува широк спектар на микро-организми.
Чај од Лазаркиња
Чајот е благотворен за желудник и органи за варење (подуеност, чувство на тежина во стомакот, надразнета слузокожа – ублажува стомачна киселина и постоечки гастритични пречки).
Течноста од лисјата помага за коагулација на крв – при исеченици и рани. Има благо антисептичко дејство, се користи за генитални инфекции и надворешно испирање на вагина.
Главната состојка е Кумарин, кој е добар антисептик, ефикасен за уринарните патишта.
Чајот е диуретик, потикнува лачење на урина, потење, ублажува болки во стомак, регулира неправилна работа на срце, има смирувачко дејство, добар е против несоница…
Билката помага чистење на организмот и добра е за црн дроб при пореметена работа или е ослабен од жолтица. Превенира создавање песок и каменец во бубрези.
Чајни рецепти со Лазаркиња
За Црн Дроб
2 супени лажици сув лист Детелина и 1 супена лажица Лазаркиња попаруваме со 8 дл зовриена вода, оставаме да стои поклопено 15 минути и процедуваме. Се дели на 3 чаја засладени со малку мед, а се пие топло.
За менструални тегоби
Мешаме еднакви делови Лазаркиња и лисја од шумска јагода, Капина и Малина; во 1 дл зовриена вода умешуваме 1 кафено лажиче смеса, стои поклопено 10 минути, потоа се процедува. Се пие топол чај, 1-2 на ден, по потреба.
Лазаркиња како купка за релаксација
Во 1 л вода проваруваме по 10 гр Лазаркиња и Тимијан; процедокот се сипа во када со топла вода, се опуштаме со лесна музика. Смирува нервоза, болки во зглобови и реума.
За јакнење на срце
½ супена лажица Лазаркиња мешаме во 2,5 дл зовриена вода, по 3 минути процедуваме. Се пијат 3 чаши чај на ден, засладени со по 1 кафено лажиче мед.
Кај уринарни инфекции
Мешаме рамни делови плод Боровинка и свежи лисја Лазаркиња; попаруваме 1 кафено лажиче смеса со 2 дл зовриена вода и по 20 минути процедуваме. Се пие по 1 топол чај пред главните оброци.
За желудник:
Мешаме 1 супена лажица Тимијан и ½ супена лажица Лазаркиња; попаруваме со 2 дл зовриена вода и по 10 минути процедуваме. По 1 чај, 30 минути пред оброк.
Кај жолтица и ослабена функција на Црн Дроб:
Мешаме по 35 гр Лазаркиња и Срценица (или Очајница). 1 супена лажица смеса стои 10 минути во 2,5 дл зовриена вода. Процедуваме. Се пие тазе спремен чај, пред оброците.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови