Глуварче или на латински Taraxacum officinale – сите делови на билката се лековити
Својства и лековитост
Млади лисја од Глуварче
Се одлична пролетна детоксикациска салата, богата со витамин А.
Стебло
Стимулираат растворување на жолчка, регулираат метаболизам и прочистуваат крв и желудник. Добри се и против Дијабетес.
Корен
Е најлековит! Врши детоксикација на Црн Дроб и така го прочистува целиот организам; чај од коренот може битно да помогне лечење на хепатитис Б и тоа само за 6 недели.
Цветови од Глуварче
Содржат антиоксиданси, лечат болки, грчеви во желудник, намалуваат депресија, содржат Хеленин кој подобрува ноќен вид, содржат витамини А и Б12…
Цветовите се основа за одличен сируп против кашлање, а добри се и против чиреви, инфекции, туберкулоза, едеми и за подобра циркулација.
Масло од цветови Глуварче
Најдобро е масло од цветовите за цистични и отечени, болни дојки, болки од артритис и гихт, напрегања и болки во зглобови! Спречува и лечи болести на дојки, цисти, карциноми, отоци и проблеми со доење.
Делува на болки во грб, синусни главоболки и вкочанет врат, кожни несовршености.
Редовна употреба на маслото опушта длабински ткиво во градите, помага ослободување од потиснати чувства.
Редовно мачкање на дојки со маслото дава чусвтво на благосостојба и зајакнува имунитет а помага и во превенција на рак.
Здравствени проблеми
Болки во гради или осетливост пред менструалниот циклус, цисти, доброчудни чворчиња (фиброми), Мастопатија… се многу раширени болести од кои пати се поголем број жени.
Се смета дека главен причинител е стрес!
Болки во гради често се предизвикани од цисти – вреќички исполнети со течност, кои во тек на менструалниот циклус менуваат форма и големина. На допир се воглавно меки, глатки и подвижни, освен тие со повеќе течност кои се најчесто се тврди.
Глуварче: Можно решение?
Комбинација на масло од цвет и масло од корен на Глуварче помага против помали инфекции, олеснува тегоби од отечени млечни жлезди, ги намалува цистите во градите.
Цветовите од Глуварче содржат Лецитин, кој со топикална примена помага против заболувања како што е Псоријаза!
Со маслото може да се масира целото тело и за намалување напнатост на цело тело.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови