Кофеин е најраспространета и најдостапна дрога во светот.
Се смета за дрога бидејќи неговото влијание може да го смени начинот на кој се однесувате или чувствувате. Kако и кај другите дроги, можете да станете зависник од кофеин и да имате апстиненциски симптоми ако престанете да го внесувате. Различни марки на кафе имаат често и различен ниво на кофеин.
Предности
Го буди мозокот и прави да се чувствуваме побудни. Mоже да го зголеми нивото на енергија и да спречи извесно време да не се чувствуваме уморни. По околу 35-45 мин. се чувствува дејството, кое трае околу 8-10 саати.
Кофеинот исто така индиректно има ефект и на вашата друштвеност.
Кофеин – нуспојави
Ако се внесе во поголеми дози, настанува немир, тескоба, раздразливост и несоница, како и забрзано отчукување на срцето и зголемен крвен притисок. Кофеинот е диуретик, може да предизвика дехидрација, односно да зголеми излачување на урина. По престанок на негово внесување во организмот, апстиненциските симптоми можат да бидат умор и главоболка.
Внес на 500 мг дневно е горна граница! Тоа се околу 4 шољички кафе.
Реакцијата на количеството кофеин варира, поосетливите веќе и со 1 филџан кафе чувствуваат нус-ефекти.
Трудниците максимум смеат да испијат два помали филџани на ден, тоа е нешто помалку од 200 мг кофеин на ден.
Кофеин во храна и пијалоци
Кофеинот веднаш асоцира на кафе; околу 75% кофеин се внесува преку пиење кафе. Но, има многу производи кои во својот состав го имаат кофеинот како основна активна супстанца: како енергетски пијалоци, чаеви, некои намирници…
Чаша чај има 50% помалку Теин – состојка која е пандан на кофеинот во кафето.
Пособно внимателни треба да бидат особи со заболено срце и со висок крвен притисок.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови