Дуња Оскоруша или на латински Sorbus domestica – лековити се плодот, листовите, семките, а особено сок и сируп од плодот.
Опис, состав и својства на Дуња Оскоруша
Плодот е богат со витамини и минерали. Содржи многу витамин Ц, витамини Б1 и Б2, Ниацин, Каротен, Калциум, Калиум, Бакар, Натриум, Цинк, Железо, Манган, Хлор и Сулфур, а има и протеини, диетални влакна и јаглехидрати.
Семките се најлековити, кога ќе одстојат во вода пуштаат слуз кој помага против кашлица. Содржат и многу Амигдалин (витамин Б17) кој има антиканцерогено дејство! Богати се и со Танин, Пектин, шеќери, Јаболкова киселина, Емулзин и Протид. Поради Танинот и слузта, поволно делува на работа на цревата и спречува инфективни болести. Пектинот е благодетен за крвниот систем, намалува крвен притисок и штити од радиоактивно зрачење.
Сокот од Дуња лечи кашлица, астма и дијареа, а печена или варена Дуња е добра против анемија и воспаление на желудочна и цревна слузокожа, слузокожа на ждрело, крајници, дишни патишта, а ублажува и обилни менструации.
Чај од семки Дуња лечи несоница, напнатост, лош здив, а слуз од семки е добар за рани и изгореници.
Чај од лисја Дуња е одличен против пролив!
Чај од плод Дуња е добар за дишни патишта, смирува кашлица, промуклост и ублажува симптоми на бронхитис.
Рецепти со Дуња Оскоруша
Сируп за Бронхитис
Против кашлица и воспаление на дишни органи – дробиме 5 семки Дуња и ги прелеваме со 100 мл вода; штом се создаде густа слузеста маса, додаваме 15 мл свеж сок од Тегавец и 100 гр мед од Жалфија. Се зема по 1 кафено лажиче пред главните оброци.
Сок за желудник
Отклонува тегоби поврзани со варење. Миеме и ситно рендаме 1 кг плод Дуња; процедуваме низ газа и веднаш се пие сокот, пред јадење.
Мелем за изгореници
За полесни изгореници и рани – 10 гр издробени семки со 2 дл вода, чекаме да се создаде слузеста маса и ја нанесуваме на кожа директно или преку облога.
За Брчки и испукани усни
- Лосион – сецкаме 1 кафено лажиче семки, ги толчиме во аван и сипаме 2 кафени лажичиња зовриена вода. Мешаме и оставаме 10 минути. Со ова се мачкаат брчките или испуканите усни.
- 200 гр корка од Дуња држиме 14 дена во 3 дл јака Комовица. Потоа се процедува и се сипа во 3 шишенца. 2 пати на ден со ова се мачкаат брчки.
Против Астма
Мешаме по 30 гр лисја од Дуња и од Подбел и по 20 гр семки од Дуња и Анис; 3 супени лажици смеса прелеваме со 0,5 л зовриена вода и оставаме поклопено 4 саати. Процедуваме и по желба се засладува со мед. Се пие повеќе пати во текот на денот.
Против Пролив
Се јадат нарендани Дуњи и се пие сок од Дуњи.
Дуња Оскоруша за бубрези и простата
Се јаде Дуња спремена на разни начини (печени, варени…) или се пие сок од Дуњи.
Рецепт: мешаме по 25 гр семки од Дуња, Лен, цвет од црн Слез и од Бозел и добро ги толчиме во аван; 3 супени лажици смеса прелеваме со 0,5 л зовриена вода, оставаме поклопено 3 саата и процедуваме. Се дели на три дела – пред доручек, пред ручек и пред вечера.
Чир на желудник и 12-то палачно црево
Мешаме 1 супена лажица семе од Дуња и од Лен и ги прелеваме со 1 л ладен чај од Камилица. Се меша почесто и по 1 саат се процедува. Се пие незасладено, 30 минути пред главните оброци, по 3 дл.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови