Коноплика или на лат. Agnus lastus vitex – се смета за голем сојузник на женското здраје!

Опис, состав и својства

Тинктурата од Коноплика ги има сите лековити својства на билката, доколку се произведе стручно и во контролирани услови. Се апсорбира во телото бргу и без штетни последици.

Конопликата содржи флавоноиди, природна заштита од надворешни причинители на болести, содржи активни антиоксиданси кои штитат од бројни дегенеративни болести и супстанци кои делуваат на женските хормони, помага против предменструални тегоби (ПМС) – болки и чувство на напнатост во дојките, главоболки и мигрени, болки во мускули и зглобови.

Коноплика: Здравствена намена

Помага против инфекции на мочниот меур, кои често одат со ПМС, како и против подуеност и болки во стомакот. Помага за одржување на редовен менструален циклус, против предолги циклуси (олигоменореа) и против изостанок на менструација (аменореа), против болни менструации пропратени со долготрајни крварења.

Тинктура од плодот и другите приправки од Коноплика, намалува хормон Пролактин преку дејство врз хипофизата. Конопликата помага создавање на рамнотежа на хормоните Естроген и Прогестерон, чиј однос значително се менува зависно од возраста на жените.

Неплодност

Конопликата е добар сојузник против неплодност и проблеми со зачнување. Балансира хормони кои одредуваат зрелост на јајце клетката. Делотворна е и при привремена неплодност, изостанок на менструација и неправилна функција на жолтото тело, што може да биде причина и од нарушена функција на штитната жлезда.

Помага и против полицистични јајници и ендометриоза.

Коноплика кај менопауза

Конопликата е природна помош за регулирање на менструалниот циклус, помош и во менопауза. Губиток на естроген, појава на атрофија, остеопороза и кардиоваскуларни заболувања – тинктура од коноплика е природна помош за овие проблеми во овој нормален период на секоја жена. 

Тинктурата делотворно намалува болки, врели валунзи, чувство на замор, исцрпеност, кои ја пратат менопаузата. Враќа природна енергија, чувство на задоволство, подобрува спиење, концентрација и паметење, ублажува чувство на тескобност, аритмија, раздразливост и депресија.

Најдобро е да се купи готова тинктура! Дозирање: 4 капки (според упатството!!).

Внимание:
Тинктура од коноплика не смеат да земаат трудници, ни особи кои веќе користат хормонска терапија, контрацепција, антитуморски лекови, доколку постојат естроген-сензитивни тумори на дојки, јајници и матка.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови