Борач или на латински Borago officinalis.
Опис, својства и состав
Има преубав ѕвездест плав цвет, стеблото и лисјата се влакнести. Содржат калиум, калциум, минерални киселини.
Најбогат е со Гама-линоленска киселина во однос на сите други растенија!
Борач – здравствена корисност
Оваа киселина има повеќекратно дејство – антивоспалително, против автоимуни и болести на крвните садови, регулира ниво на шеќер во крв, кожни тегоби, хормонална рамнотежа, помага во слабеење, јак е антиоксиданс, делува против повеќе видови тумори.
Борач потикнува потење, намалува температура, делува против уринарни тегоби. Има диуретско дејство, помага против бронхитис, кашлица и разни инфекции на грло и уста.
Чај од Борач е добар за испирање на усна шуплина.
Дава енергија, подобрува памтење и концентрација. Делува проив депресија и апатија, тага и меланхолија, делува како благ седатив. Со чајот е добро да се испираат и суви очи, а со пиење на чај се подобрува гледањето кога е надвор темно т.е. ноќе.
Помага при тегоби со метаболизмот, хормони, тегоби во менопауза и со бели дробови; корисно делува при полицистични јајници – се смеша со Сладич во еднакви делови, ќе намали производство на тестостерон, потикнува овулација, подобрува производство на прогестерон.
Помага кај неухранети и на постари особи, опоравок по болест, помага во слабеење и детокс на организмот.
Се користи во кулинарство, во салати и пијалоци…
Масло од Борач
Многу корисно за кожа.
Помага против црвенило и осетлива кожа, ја чисти – потикнува раст на нови клетки, делува анти-воспалително. Помага против реакции на кожа поради хормонални проблеми – воспоставува хормонална рамнотежа.
Трае многу долго, не се расипува!
Најквалитетно е ладно цеденото масло. За орална употреба – за кожа се следи приложеното упатство, за ревматоиден артритис до 7 гр масло на ден… најдобро е да се добие мислење од лекар!
Контраиндикации:
не смеат да го користат осови со склоност за згрутчување на крв и заболени од епилепсија.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови