Смиље или на латински Helicchrysum italicum – H. gnaphalium. Има многу видови.

Опис, својства, состав

Има прекрасна миризба. Цути во Мај, тогаш и се збира. Се користат цветовите за правење етерично масло. Цветовите и лисјата содржат фталиди и флавоноиди, горчливи материи – затоа чајот иако убаво мириса, имак горчлив вкус. ,

Здравствена корисност на Смиље

Потикнува проток на жолчна течност и така олеснува варење, но не треба да се користи ако имате камен во жолчка! За таа намена добри се артичока, чичок, корен од Глуварче и др.

Смиље подобрува лачење на желудочни сокови и ензими за варење од панкреас. Од Смиље најчесто се прават чај и тинктура.

2 кафени лажичиња иситнето суво Смиље се прелева со 2 дл зовриена вода. По 10 минути се процедува. Се пијат 1-2 чаја на ден, пред јадење.

Етерично масло од Смиље

За 1 л етерично масло потребна е 1 тон свежа билка. Затоа е многу скапо. За најквалитетно се смета тоа кое е произведено на Корзика.

Етеричното масло покажало добри ефекти против проширени и воспалени вени, испукани капилари, хемороиди, хематоми, лузни, стрии, брчки, хиперпигментација, акни, атописки дерматитис, псоријаза и состојби кога на кожата треба да се делува антивоспалително и регенеративно.

Широко позната и ефикасна комбинација за третман на хематоми се добива со мешање на 15 капки етерично масло од Смиље со 8 мл билно масло од темјан (во шишенце од 10 мл со капалка).
Одлично помага и против хируршки лузни!

Мацерат од Смиље

Се добива со потопување на билката во некое базно масло. Се нанесува на кожа директно, додека етеричното масло мора да се разреди со базно масло.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови