ВРБА или на латински Salix. Лековити врсти се бела Врба (Salix alba), врба Ракита и црвена Врба (Salix purpurea).

Врба – состав и својства

Расте на влажни места. Содржи Салицин, како и фенолни гликозиди, ароматични алдехиди, киселини, флавоноиди, танини и др. Има антипиретичко и аналгетско дејство, отклонува грозница, неуралгии и главоболки. Во рана пролет, од дрва стари 3-6 години, се собираат младите пуполци и корката (почеток на април). Се лупи кората од гранките, се чисти и се суши на место каде има провев. Штом стане крта, се меле во прав.

За сите методи на помошно лечење со алтернативни лекови задолжително се бара мислење од матичен лекар!

Помага во лечење артритис, воспаление на црева и желудник, против болки во грб и остеоартритис. Исфрла токсини преку потење и урина. За ова се користат и младиците со пуполците на врвот.

Се внимава со дозите. Особи кои се осетливи на аспирин и боледуваат од чир на желудник, не смеат да користат препарати од врба, особено не луѓе со РЕЈОВ синдром, ни деца под 12 годишна возраст.

Рецепти со кора од врба

Чај од кора од врба

1 полно кафено лажиче иситнета кора се става во 2,5 дл ладна вода, се загрева и се вари 5 мин., стои поклопено 10 мин. и се процедува. Се пијат 2 чаши засладен чај со мед на ден.

Прав од кора од врба

1 кафено лажиче прав се меша со мед, 3 пати на ден, пред јадење.

Врба и нејзина намена

Болки во коски

Мешаме 40 гр кора од бела врба и по 15 гр Коњско опавче, кора од костен и љуски (внатрешни прегради) од орев; 2 супени лажици смеса се прелеваат со 4 дл вода, се загрева и се вари на тивко 15 мин. Стои поклопено 5 минути и се процедува. Се пијат 3 чаши по 2 дл на ден, не подолго од 3 недели. Салицилната киселина од билката е помалку штетна од таа во аспиринот!

Зајакнување и чистење на крв, хемороиди, осипи

Чај од од млади врвови и пуполци на врба! 250 гр се сипа во 0,5 л вино и 0,5 л вода. Крчкаме на тивко 30 мин. Се пие по 1 супена лажица на ден.

Врба и дијабетес

Дијабетичарите често имаат тегоби со лезии и рани на кожата, болки во зглобовите и сл. Ќе помогне одварок од бела врба: секојдневни купки, триење и облоги на стапалата, може да се користи подолго време.

Врба за настинки и воспалено грло

Грип и респираторни инфекции се следени со температура и грозница. Корката од врба има антипиретички својства. Помага и против кашлица и воспалено грло, тонзилитис, бронхитис, против дијареа, како напиток и за испирање на грло, на секои 2-3 саата. Но, треба да го користат само особи постари од 16 години.

Примена кај проширени вени

Се потопуваат стапалата во леген со раствор од варена корка од врба, 30 мин. Ќе ги зајакне ѕидовите на вените, ќе подобри циркулација на крв.

Примена кај неуралгии

За оштетени периферни живци корка од врба ќе намали болки и воспаление – крпа се потопува во млака варена течност. Алкохолна тинктура исто помага.

Врба кај камен во жолчка

Помага одстранување на каменот од телото, ублажува грчеви и воспаление на жолчни канали, со мали дози на концентриран чај, 4 недели, потоа пауза 2 недели.

Кора од врба – поширока намена

Освен споменатите, има и антивирусно и антипаразитско дејство, хемостатско и анти-реуматско дејство, помага против гихт и циститис, оштетување на зглобно ткиво при што се користи барем 4 недели; има и имуно-стимулирачко дејство. 


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови