Вресок или Калуна – Calluna vulgaris е зимзелена грмушка, висока до 1 м.
Опис, изглед и распространетост на Вресок
Стебленцата се полегнати, со мали, тесни и заоблени голи лисја. Цветовите се розеникаво-љиљакови, ѕвонести и собрани во цветен грозд. Цвета од Август до Октомври. Плодот е тоболец. Има пријатна миризба и горчлив вкус. Распространет е по медитеранот. Расте на суви ивици и падини, понекогаш прекрива поголеми површини.
Здравствена корисност
Се користи како зачин, а и како лековита билка. Има јак вкус, се користи во јадења со риба и месо и со зеленчук. Добро меди, но медот не е на цена, има послаб квалитет. За лек се бере надземниот дел од билка во цвет – се суши на топло и провевно место, во сенка.
Вресок – здравствена примена
Лековитите препарати направени од вресок се користат за:
- поинтензивно лачење на урина, кај тегоби со бубрезите, мочниот меур, инфекции и камења во мочен меур, инфекции на мочните канали, циститис и други тегоби со уринарните органи
- за лачење слуз и катар од бронхите, желудник и црева
- за чистење на крв
- лечење на ревматски тегоби
- кај кожни болести – особено екцеми, осипи, кожни нечистотии
- за испирање и за облоги, за проблеми со простата
- за подобра работа на срце
- лечење на несоница
- пореметен метаболизам
- против цревни паразити (амеби, глисти…)
Западна народна медицина Вресок користи за:
- артритис
- болести на бубрези
- мочен меур и мочни канали
- каменец и катар во мочен меур
- екцем
- гихт
- несоница
- нервна напнатост
- болести на простата
- низок притисок
- рани и повреди на кожа
- за чистење на крв
- засилено потење
- за правење на тн. Бахови цветни капки
Природни рецепти со Вресок
Рецепти за наведените заболувања:
Се зема 1 супена лажица цвет и лист Вресок и 2 дл зовриена вода; стои поклопено 15 мин. и се процедува. Се пијат 2-3 чаши чај на ден, може и засладен со мед, пред јадење. Се користи и за испирање и за облоги.
Тинктура за наведените заболувања:
Се прави според важечките фармакопејски прописи. Се зема 3 пати по 10-15 капки, со малку вода или чај.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови