Рицинусово масло – добро познат природен лек за различни проблеми.
Состав
Поради висока содржина на витамин Е и Рицинолеична киселина има голема примена во козметиката!
Рицинусово масло – намена
КОЖА
Лесно продира во кожа и корен на коса и длабински ги негува. Хидратизира кожа и помага против разни кожни заболувања, како на пример габични заболувања.
Дезинфицира помали повреди на кожа (гребнатини, убоди, исеченици); директно нанесено на отворена рана делува антимикробно и намалува јадеж и болка.
Добро е за чистење шминка – не содржи штетни иритирачки супстанци – напротив, негува кожа на лице; најдобро е да се комбинира со масло од јојоба или со бадемово масло.
Рицинусово масло потикнува раст на влакна и опрезно треба да се користи. Не може да се користи за јадење!!
КОСА
Со редовна употреба, рицинусовото масло може да поправи оштетена коса, штити од избелување и др. Одличен е регенератор, се нанесува на коса по миење со шампон; косата треба претходно да биде влажна. Се нанесуваат неколку капки, рицинусовото масло е густо. Се нанесува на врвовите на косата и до половина должина од влакното, но не и на темето! Косата треба да се замота со пешкир и треба да одстои 2-3 саата. Косата потоа добро се мие.
Користење масло на измиена коса не се препорачува кај особи со тенка коса која лесно се масти.
Рицинусово масло за раст на коса
Поттикнува раст на коса и на места на кои порано не растела. Се умасирува во теме и нагоре до врвот на влакната. Подобрува изглед, густина и забрзува раст на коса.
Забрзува и раст на трепки!
Првут
Мешаме 1-2 супени лажици масло од рицинус со 1 супена лажица кокосово масло, малку се загрева и се нанесува на скалп, на сувите делови на темето. Се остава да делува 60-90 мин., потоа косата се мие со шампон.
НОКТИ
На кршливи нокти им дава цврстина, го забрзува нивното растење, а ја негува и кожата околу нив.
Рецепт со рицинусово масло за нега на нокти:
Мешаме 1 супена лажица рицинусово масло со 3 супени лажици маслиново (или бадемово) масло и сипаме во стаклено шишенце. Смесата се умасирува во нокти и во кожичката околу нив и оставаме да се впие. Со ова може да се негуваат нокти секој ден, а во случај да обожавате да се лакирате, тогаш секој пат кога го менувате лакот за нокти.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови