Чуваркуќа или на латински Sempervivum tectorum – има интересно латинско име, во превод значи ,,тоа што вечно живее на крововите“.
Опис, својства и распространетост
Чуваркуќа е повеќегодишна билка, може да нарасне до 30 см. Отпорно растение на суша, на ниски и високи температури. Лисјата се добар резервоар за вода. Бојата на лисјата варира, но најчесто е зелена со љиљакови ободи. Цветовите излегуваат на врвот на билката и најчесто се црвени.
Билката е многу лековита. Главните состојки се јаболкова и мравја киселина. Содржи полисахариди кои делуваат на имуносистемот и против канцерогените заболувања.
Здравствена намена на Чуваркуќа
За надворешна употреба
Елиминира вишок маснотија во ушниот канал. Сокот од нејзините лисја е одличен природен лек за многу заболувања и повреди на кожата, против чиреви, исеченици и изгореници.
Пресечен лист ставен на кокалче (курје око) е одлично средство за омекнување и одстранување на истото. Исто така и за брадавици и дамки настанати од сончање.
Рецепт за воспалено уво со Чуваркуќа
Преполовуваме лист од чуваркуќа и накапуваме 3 капки во ушниот канал. Оставаме да делува 4-5 мин., потоа се наведнуваме сокот да истече од ушната шуплина.
За внатрешна употреба
За воспаление на усната шуплина одличен лек е – мед помешан со чуваркуќа.
Сокот од лисјата е одличен диуретик (за исфрлање на вишок вода од организмот), а исто така е и добар лаксатив.
Чуваркуќа помага и против напнатост, нервоза и страв.
Рецепт за зајакнување на организмот со Чуваркуќа
Мелеме лисја Чуваркуќа и ги истураме во стаклена чинија, ги мешаме со мед, во ист сооднос, со дрвена или пластична лажица. Смесата се чува во затворена тегла, 5 дена во фрижидер, завиткана во алуминиумска фолија. Од шестиот ден натаму се зема 1 рамна супена лажица смеса пред главните оброци, 2-3 пати на ден.
Се зема со малку вода и наредните 20-30 мин. не се јаде ништо.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови