Дрво Ловор –  латинско име му е ,,племенито дрво“! Лисјата се мазни и имаат маслинеста боја. Ловор е зимзелено дрво – грмушка. Попознат дел од него е Ловоров лист.

Опис и улога

Има силно дејство на гастро-интестиналниот тракт како стимуланс и диуретик. Намалува токсичност на организмот (исфрла вишок вода од телото). Содржи ефикасни органски соединенија за регулирање на дигестивни пореметувања, особено раздразливи црева. Во храната има сложени протеини кои потешко се варат; содржи ензими кои го олеснуваат овој процес.

Здравстена корист на ловоров лист

Масло од ловоров лист се користи за разни болести на респираторниот тракт; вдишување на пареа од инфузија со ловоров лист дава добар ефект во арома-терапијата – намалува симптоми на настинки и елиминира бактерии од респираторниот тракт. Одварот од ловоровиот лист добро се покажал како помош за одстранување на сува кожа и првут, се нанесува на коса после миење со медицински шампон.

Ловоров лист има антивоспалителни својства

Содржи соединенија т.н. Партеноиди кои бргу намалуваат воспаленија и иритации во зглобови и подрачја зафатени со артритис. За ова помага и обична конзумација на ловор како зачин!

Ловоровиот лист содржи кофеинска киселина и рутин, органски соединенија, кои добро влијаат на здравјето на срцето. Рутин зајакнува ѕидови на капилари во срцето, на рацете и нозете, а кофеинската киселина помага во одстранување на лош холестерол од кардио-васкуларниот систем; го подобрува нивото на добриот ХДЛ холестерол!

Антиканцерогени својства на ловоровиот лист

Содржи единствена комбинација на антиоксиданси и органски соединенија – фитонутриенти, катехини, линалол – го штитат организмот од дејство на слободни радикали.

Смирувачко дејство

Содржи Линалол (го има и во мајчина душица и во босилек); помага за намалување на ниво на хормон на стрес, особено ако се користи во ароматерапија! Предолго присуство на висок ниво на хормон на стрес во организмот може да биде опасен по здравје – ловоровиот лист помага да се опуштиме и смириме, дури и во потешки моменти.

Ловоров лист е чест додаток во готвени јадења, дава вкус и арома.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови