Хипертензија или висок крвен притисок 

Причините за висок крвен притисок (Хипертензија) треба да ги бараме во постојаното брзање, брзо јадеме и во главно брза храна, време за опуштање и одмор не наоѓаме. Од овој проблем страдаат многу луѓе, околу 20-25% од популацијата.

Притисокот се изразува во „мили метри живин столб“, горната бројка е систоличен притисок, долната е дијастоличен. Општо прифатени вредности за нормален притисок се 120 со 80 (mm/Hg).

Умерено зголемен притисок по интензивно движење, по стресна ситуација, или по посета на лекар е нормална појава.

Многумина и не знаат дека боледуваат од висок крвен притисок. Не се ретки случаи кога симптомите се слаби и не ги приметуваме.

Доколку се јават главоболки, зуење во ушите, црвенило на лице, притисок во гради, мачнина, ослабен вид, тешко движење, тоа е знак дека крвните садови имаат потешки оштетувања.

Хипертензија мора да константира доктор, мора да се лекува и да се држи под контрола, инаку последиците се лоши – доаѓа до срцева слабост, зголемување на срцевиот мускул, атеросклероза, срцев или мозочен удар, кои се крајно опасни по здравјето. Редовна контрола и редовно користење препишана терапија го нормализира притисокот. 

Има и други работи кои мора да се избегнуваат или пак дополнително да се користат за терапијата да биде поефикасна. Во секој случај, треба да се консултира матичниот лекар.

Што делува неповолно за висок крвен притисок?

Пушењето е забрането!

Лошо влијае седечки начин на живот, прекумерна тежина, неправилна исхрана, работа во задушлива средина со недоволно кислород и постојана изложеност на стрес. Да не се јаде мрсна и преработена храна, премногу зачинета и солена храна.

Корисно делува и помага да се јаде зеленчук, салата од кисела зелка, маслинки, супи и чорби од зеленчук (содржат Калиум). Да се јадат помали и умерени оброци. Да се избегнуваат негативни луѓе и ситуации кои создаваат негативна енергија.

Природни препарати за висок крвен притисок  

  • Во тегла мешаме 1 сомелена главица лук и сипаме 2 дл маслиново масло. Промешуваме, стои 24 часа и процедуваме. Се зема по 1 кафено лажиче 30 мин пред главните оброци, со по 1 кафено лажиче сок од лимон
  • Сецкаме 2 чешниња лук и полеваме со 2 дл зовриена вода. По 12 часа се процедува. Се зема по 1 чаша наутро и навечер
  • Правиме смеса од исти делови лист од Маслинка, цвет од Глог, лист и петелки од Имела и лист и цвет од Срцева трева (Leonorus cardiaca). 1 полна супена лажица смеса попаруваме со 2 дл зовриена вода и по 2 часа процедуваме. Се пие по 1 чаша чај пред главните оброци, во траење од 10 дена
  • Семки од Целер – одлично помагаат против хипертензија. Се додаваат мелени во јадење или во смути од свежо овошје и зеленчук. Ги шири крвните садови и ја подобрува циркулацијата. Семки од Лен содржат Омега-3 масни киселини
  • Тинктура од Бел Глог – е одлична против хипертензија. Го намалува високиот притисок и нивото на лош холестерол и го зајакнува срцето по прележан инфаркт
  • Босилек – штити од воспаленија и оксидативен стрес, ја подобрува циркулацијата во крвните садови.
  • Цимет – намалува висок притисок на дијабетичари, помага лечење на воспаленија, ја чисти крвта и поттикнува циркулација, превенира болести на срцето и на крвните садови
  • Оригано – содржи Карвакрол кој го намалува високиот крвен притисок и успорува ритам на срцеви отчукувања, така ги штеди срцето и крвните садови.

Добро помагаат и: зачин Кардамом, темно Чоколадо (со поголем процент на какао), Стевиа.

Напомена

Се што е наведено како помошна терапија, во пракса се покажала ефикасна, но само како помошно средство. Не смее да се занемари редовната терапија и во секој случај, претходно треба да се побара мислење од матичниот лекар.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови